Следете не

Магазин

Stray: Игра во која стануваш мачка

Објавено пред

на

Видео играта Stray, поддржана од BlueTwelve Studio, беше најавена во 2020 година, а се работи за содржина чија главна хероина е улична мачка. Според последните вести, оваа приказна за скитници конечно пристигнува на 19 јули.

Футуристичкиот тон на играта е засилен со неонски светла, а мачката е повредена и одвоена од семејството на самиот почеток на играта. Целта е да се врати во својата група, а за да се случи тоа мора да надмине бројни препреки и да решава загатки. Во тоа и помага дрон наречен B-12, па играта се развива во духот на филмовите, сериите и видео игрите кои поврзуваат необични парови.

Во новиот трејлер, можете да видите портокалова мачка како талка низ пост-апокалиптичен град. Играта доаѓа на PC, PlayStation 4 и 5, а заинтересираните ја чекаат речиси две години. На официјалната веб-страница можете да прочитате дека Stray се случува на периферијата на сајбер-градот, кој е полн со необични жители кои понекогаш им одат на нерви.

Извор: Nerdist

Магазин

Gemini го претвора текстот во видео

Објавено пред

на

Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Фото: Solen Feyissa @ unsplash

Gemini сега може да креира клип од 8 секунди директно од текстуално барање.

Google официјално ја претстави новата функција за генерирање видеа од текст, која веќе е достапна во апликацијата Gemini. Со ова, моделот конечно се приклучува на трендот што веќе го нудат многу други алатки за вештачка интелигенција. Иако технологијата веќе не нè изненадува како порано, сепак ова е значаен чекор за Google.

Некои корисници иронично коментираат дека Gemini, и покрај големата реклама, „дури сега учи да вози велосипед“ кога станува збор за видеогенерација. Но Google ја нуди функцијата за сите – барем делумно.

Кој има пристап до видеогенерацијата?

Моментално, целосно генерирање видеа е достапно само за:

  • Google AI Pro корисници

  • Google AI Ultra корисници

Ова значи дека функцијата е зад платена претплата, што многумина го споредуваат со „дополнителен мајонез што го наплаќаат посебно“.

Бесплатните корисници имаат:

  • ограничен пристап,

  • можност да направат едно или две видеа преку промоции и пробни кредити.

Извор: livemint

Прочитај повеќе...

Магазин

Roblox ќе ги спречи децата да разговараат со непознати возрасни

Објавено пред

на

Фото: Oberon Copeland @ unsplash
Фото: Oberon Copeland @ unsplash

По зголемениот притисок од родители и институции, Roblox конечно воведува проширени безбедносни мерки со цел подобра заштита на малолетниците. Новите правила ќе го ограничат контактот на децата со возрасни кои не ги познаваат.

Платформата најави дека воведува задолжителни проверки на корисници кои сакаат да користат функции за разговор. Прво ќе се применат во:

  • Австралија

  • Нов Зеланд

  • Холандија

Мерките ќе стартуваат во декември, а глобалното воведување ќе започне од јануари.

Зошто се воведуваат новите правила?

Roblox со години се соочува со сериозни критики поради:

  • пристап до несоодветна содржина,

  • можност за контакт на деца со возрасни,

  • повеќе тужби во САД поврзани со безбедноста на малолетниците.

Во Австралија, најавата доаѓа паралелно со најавената забрана за социјални мрежи за лица под 16 години, при што се врши дополнителен притисок и платформите за игри да бидат вклучени во ваквите регулативи.

Што вели Roblox?

Извршниот директор Дејв Базуки нагласува дека компанијата:

  • веќе инвестира во напредни системи за заштита,

  • ќе продолжи да воведува мерки за безбедност,

  • но истовремено апелира родителите да ги следат своите инстинкти и активно да одлучуваат како нивните деца ја користат платформата.

Извор: BBC

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за петок (21 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Денес може да донесете конечна одлука за вашата деловна иднина. Пред вас е добар ден. Се чувствувате се поосамено иако сте во врска и не сте задоволни од односот со партнерот. Нервниот систем ви е чувствителен.

БИК

Премногу се потпирате на други луѓе и не ви е лесно некои обврски да ги преземете и сами да ги завршите. Ќе запознаете личност која во вас ќе ја разбуди љубопитноста, но и чувството за несигурност и страв. Ве мачат хронични проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Финансиските пресврти ви внесуваат многу стрес и тензии и се чуствувате како тлото под нозете да ви се поместува. Можеби ќе имате проблеми во љубовната врска поради партнерот кој е неискрен кон вас. Избегнувајте алкохол.

РАК

Многу е веројатно дека ќе мора да промените некои нешта на деловно поле во наредниот период. Сфаќате дека вашиот партнер сака да му бидете максимално посветени и неговата посесивност ви пречи. Проблеми со уринарниот тракт.

ЛАВ

Дојде време да се посветите на проширувањето на вашиот бизнис и некои работи да ги менувате на подобро. Свесни сте колку маани има вашиот партнер и го прифаќате без разлика на сѐ бидејќи го сакате. Проблеми со хроничен умор.

ДЕВИЦА

Можеби ќе правите поголеми грешки кога станува збор за работата и ќе ви биде потребно многу време да ги исправите. Ве очекува поволен ден за почеток на врска со вашата симпатија. Можна е главоболка.

ВАГА

Вие не сакате да се прилагодувате кон другите и да барате најдобро можно решение за сите. Вашата врска со саканата личност полека доаѓа до неповолна фаза и ви се јавуваат нови проблеми. Здравјето е во ред.

ШКОРПИЈА

Можеби долго време чекате да ви се оствари некој деловен проект кој ќе донесе подобрување на финансиите. Моментално љубовта не ви е на прво место и веќе сте сконцентрирани на некои други нешта. Проблеми со бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Исфрустрирани сте поради однесувањето на соработниците и на деловно поле ве следат многу проблеми. Многу ви е убаво со моменталниот партнер и се чувствувате добро кога поминувате време заедно. Склоност кон проблеми со органите за варење.

ЈАРЕЦ

Ќе имате повеќе слободно време во текот на денешниот ден бидејќи ве очекуваат многубројни обврски. Сѐ посигурни сте дека покрај моменталниот партнер сакате да остварите стабилност на љубовно поле. Можни се проблеми со алергии.

ВОДОЛИЈА

Можеби ќе избрзате со некоја одлука на деловно поле и подоцна да се каете за тоа. Денешниот ден е поволен за љубов. Пред вас се некои убави промени. Склони сте кон настинки.

РИБИ

Ако сте имале кавга со некој од колективот сега ве очекува можност да најдете компромис. Убаво се сложувате со саканата личност и уживате во моментите поминати заедно. Можни се проблеми со притисокот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин2 минути

Gemini го претвора текстот во видео

Gemini сега може да креира клип од 8 секунди директно од текстуално барање. Google официјално ја претстави новата функција за...

Фото: Oberon Copeland @ unsplash Фото: Oberon Copeland @ unsplash
Магазин2 минути

Roblox ќе ги спречи децата да разговараат со непознати возрасни

По зголемениот притисок од родители и институции, Roblox конечно воведува проширени безбедносни мерки со цел подобра заштита на малолетниците. Новите...

Македонија2 часа

ЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките...

Македонија3 часа

АМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента

Во 03.30ч непрооден патен правец Охрид-Св.Наум дел од стовариште „Митко“, десна коловозна лента во правец на Охрид околу 100м, има...

Култура11 часа

Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!

Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според...

Без категорија11 часа

Жолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме

Денеска 21-ви ноември (петок), целата територијата на Република Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за петок (21 ноември)

ОВЕН Денес може да донесете конечна одлука за вашата деловна иднина. Пред вас е добар ден. Се чувствувате се поосамено...

Македонија19 часа

Државниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар,...

Временска прогноза21 час

Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите

Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни...

Спорт21 час

Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада

Во централата на ФИФА во Цирих денес беше одржана ждрепката за европскиот плејоф за пласман на Светското првенство 2026. Македонската...

НАЈЧИТАНИ