Случувања
Стрелките на часовникот ќе одат еден час понапред, за една седмица доаѓа летното сметање на време..
Летното сметање на времето ќе почне идната недела во недела, на 27 март во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.
Летното сметање ќе заврши на 31 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.
Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.
Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.
Тоа значи дека за некои земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.
Она што е добро во летното сметање на времето е што денот трае подолго. Веќе може да се забележи дека се стемнува околу 18 часот, што значи дека пред крајот на месецот, вечерта ќе ни доаѓа некаде по 19 часот а во летните месеци, сонце ќе имаме и по 20 часот.
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево18 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп6 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза7 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Технологија7 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Спорт6 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
