Временска прогноза
Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места
Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен бран од запад и од југозапад и истиот ќе условува повремени локални врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток попладне и во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од државава. Тогаш ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка можно е да се формира понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно значително постудено со локален дожд, а на околните планини особено во четврток попладне и навечер ќе има врнежи од снег. Тогаш можно е провејување на снег и во повисоките предели од котлината, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, а од петок тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, вели Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па во деновите потоа секако и за нова година ни претстои промена на синоптичката состојба над Европа, Балканот и Македонија.
Тоа значи дека на повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир кој ќе ни донесе вистинско зимско време баш за време на споменатиот период погоре.
Во ваква ситуација секако може да се очекува и снег.
– Се на се после овој подолг период на суво и натпросечно топло време за месец декември кончено може да се надеваме за надоаѓање на вистинската зима кај нас.
Следува најново ажурирање на прогностичките материјали па така од моја страна понатаму следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу ова, предмалку соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево20 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза19 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп9 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево14 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
