Следете не

Lifestyle

Студија: Земјата има само 33 отсто шанси да избегне климатска катастрофа до 2029 година.

Објавено пред

на

Новата научна студија открива дека Земјата има само 33 отсто шанси да избегне климатска катастрофа до 2029 година.

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон пресметале колку греење е гарантирано врз основа на минатите емисии на јаглерод диоксид, метан, азотни оксиди и аеросоли, како што се сулфур и саѓи.

Резултатите од студијата сугерираат дека до 2029 година, Земјата има две третини шанси барем привремено да го надмине затоплувањето од плус 1,5 степени Целзиусови, дури и ако сите емисии престанат таа година.

Во моментов има катастрофално ниво на гас во атмосферата на Земјата, што не е забележано со милиони години.

Во меѓувреме, до 2057 година, има две третини шанси Земјата барем привремено да го надмине глобалното затоплување од плус два Целзиусови степени, според студијата на Американскиот универзитет.

Научниот тим користел климатски модел во новото истражување за да проучи што би се случило со температурата на Земјата доколку сите емисии нагло прекинат секоја година од 2021 до 2080 година.

Таа веројатност „расте“ до 66 отсто доколку до 2029 година не се намалат емисиите, пишуваат нашите портали.

Иако стопирањето на сите емисии генерирани од човекот е практично невозможно, истражувачите велат дека тоа е апсолутно „најдоброто сценарио“.

/n1info.com/

Lifestyle

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/tiktok/anatoly_pranks

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.

Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.

По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.

Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.

Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:

@anatoly_pranks

Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank

♬ original sound – ANATOLY

Прочитај повеќе...

Lifestyle

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Óscar Aguilar Elías

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.

Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.

Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.

За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.

ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling

Прочитај повеќе...

Lifestyle

5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис

Објавено пред

на

Фото: Damian Kamp @ unsplash
Фото: Damian Kamp @ unsplash

Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде идеален избор. Професионалниот тренер на кучиња Кејси Реј, со речиси 30 години искуство, ги издвојува расите што минимално им паѓа влакно, слабо мирисаат и речиси воопшто не се лижат прекумерно.

5. Шнауцер

  • Достапни во три големини.

  • Познати по интелигенција и лојалност.

  • Крзното има многу малку природни масла, па затоа минимално им паѓа влакно и речиси не мирисаат.

4. Малтезер

  • Мало, нежно и пријателско куче.

  • Хипоалергично и паѓа исклучително малку.

  • Реј ги нарекува „кучиња без смрдеа“ поради ниското количество масла во кожата.

3. Португалско водно куче

  • Интелигентни, енергични и многу послушни.

  • Обожаваат вода.

  • Водоотпорното крзно не задржува мириси, а со редовно чешлање остануваат чисти и уредни.

2. Бишон Фризе

  • Разиграно, нежно и многу приврзано куче.

  • Имаат малку природни масла во крзното, што значи речиси без мирис.

  • Со редовно четкање изгледаат прекрасно и остануваат свежи.

1. Пудлица

  • Една од најинтелигентните раси во светот.

  • Густите кадрици речиси воопшто не им паѓаат.

  • Многу слаб природен мирис и одлична дресибилност.

  • Како што вели Реј: „Никој нема ни да знае дека има куче дома ако е добро воспитано.“

Совет: Како да го намалите мирисот кај било кое куче?

  • Правилната исхрана е клучна.

  • Раната социјализација и добра дресура спречуваат стрес и несакани навики.

  • Редовната нега и чешлање се неопходни, без разлика на расата.

Извор: Vecernji

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп35 минути

Хороскоп за вторник (9 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас....

Спорт3 часа

Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?

Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа...

Македонија4 часа

Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди

На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“...

Македонија9 часа

ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана

Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (8 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите...

Кичево1 ден

„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на...

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
Здравје и убавина1 ден

Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје

Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (7 декември)

ОВЕН Вдишете длабоко и одвојте малку повеќе време за себе. На овој начин ќе сфатите дека ништо нема да се...

Здравје и убавина2 дена

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден...

Временска прогноза2 дена

Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го...

НАЈЧИТАНИ