Следете не

Спорт

Судиска анализа за првото коло од првата македонска фудбалска лига, истакнати две погрешни проценки..

Објавено пред

на

Судиската комисија на ФФМ ги анализираше и разгледа спорните моменти од 1. коло на Првата МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Брегалница- ФК Силекс одигран на 06.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 69 минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Дејан Димитријевиќ и Климент Ристоски.

69 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на средина на терен, играч од екипата на домаќините го влечеше за дрес играчот на гостите,главниот судија ја прекина играта поради слободен удар (влечење) и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин  (со лакт) го удри противничкиот играч во пределот на главата (лицето).

Исправна  одлука  на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос, т.е удирање противнички играч со лакт во пределот на главата (лицето), меѓутоа погрешено беше продолжението на играта, требаше да биде доделен слободен удар за екипата на гостите бидејки играчот на домаќините прв направи прекршок (влечење за дрес) и судијата ја прекина играта поради влечењето.

На натпреварот  ФК Воска- ФК Шкендија одигран на 06.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 62 и 75 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.

62 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на средина на терен блиску до аут линијата, играч од екипата на домаќините го повлече играчот на гостите правејки прекршок, двајцата играчи паднаа на земја и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин со двете нозе го удри потивничкиот играч во пределот на телото (градите).

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос (удар на противнички играч со нозе во пределот на градите) и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради недозволен старт (влечење противнички играч).

75 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на 30 метри од голот на домаќините, играч од екипата на домаќините направи недозволен старт спречувајки ветувачка акција.

Добра одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот од екипата на домаќините поради недозволен старт и спречување ветувачка акција, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Македонија Ѓ.П одигран на 06.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 4 и 62 минута.

Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Петковски и Роберт Црвенов.

4 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден пенал)

Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед во шеснаесетникот на гостите странично од голот, во моментот кога ја додаде топката кон свој соиграч, играч од екипата на гостите направи движење со телото (го наведна) во правец на топката и со рака ( неприродна положба и широко одвоена од тело) ја удри топката спречувајки ја да дојде  до соиграчот.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за екипата на домаќините, поради игра со рака од играч на гостите, направи движење со телото во правец на топката и раката му беше во неприродна положба и широко одвоена од телото.

62 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите ја имаше топката во свој посед на средина на теренот, играч од екипата на домаќините го повлече за дрес правејки прекршок, главниот судија досуди слободен удар за екипата на гостите и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин со глава го удри противничкиот играч во глава (лице).

Исправна  одлука  на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос, т.е удирање со глава на противнички играч во пределот на главата (лицето).

На натпреварот ФК Работнички – ФК Шкупи одигран на 07.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 80 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Слаѓан Марковски.

80 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Погрешно досуден пенал)

Екипата на домаќините беше во напад, играч од екипата на домаќините додаде топка во шеснаесетникот на екипата на гостите, на неа тргнаа два противнички играчи, играчот на гостите прв стигна до топката, коректно ја изби  и потоа дојде до контакт помеѓу играчите.

Погрешна одлука на главниот судија, досуден е пенал за екипата на домаќините, но во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи бидејки играчот на гостите прв дојде до топката и ја изби коректно без да направи прекршок.

На останатите натпревари од Прва МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Објавено пред

на

©porta.mk

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.

Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.

Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!

Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА

– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е  неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.

Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски

Број 7, Стефан Стојаноски

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.

На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.

Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.

Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци

Објавено пред

на

©porta.mk

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.

Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.

Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.

Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за недела (14 декември)

ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му...

Спорт7 часа

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра,...

Хроника9 часа

Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место

На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А....

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (13 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче...

Македонија1 ден

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника1 ден

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево1 ден

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт2 дена

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

Социјални мрежи2 дена

„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“

Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред...

НАЈЧИТАНИ