Следете не

Спорт

Судиска комисија за спорните моменти од 6. коло на ПРВА МФЛ

Објавено пред

на

Судиска анализа за 6. коло од ПРВА МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 6. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Силекс – ФК Тивеш одигран на 04.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 83. минута.

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

83. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на Силекс ја имаше топката во свој посед странично од голот на Тиквеш, потоа ја додаде до свој соиграч кој беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Тиквеш и истиот играч ја центрираше топката и беше постигнат гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија играта да продолжи (многу тешка ситуација за помошен судија), бидејки играчот кога ја прими топката од соиграчот беше во линија со претпоследниот играч од одбраната, голот е регуларен.

На натпреварот  ФК Шкендија – ФК Македонија Ѓ.П. одигран на 04.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 53. минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

46. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на Македонија додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Шкендија, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија играта да продолжи, бидејќи играчот кога ја прими топката од соиграчот беше во линија со претпоследниот играч од одбраната, голот е регуларен.

На натпреварот  ФК Брегалница – ФК Шкупи одигран на 04.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 31. минута.

Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски;

31. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)

Играч од нападот на Шкупи беше во посед на топката на средина на терен, играчот од екипа на Брегалница го влечеше за дрес играчот на Шкупи, кој потоа намерно со раката го удри во пределот на главата играчот што влечеше.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за Шкупи и жолт картон за играчот на Брегалница за  влечење и ЦРВЕН картон за играчот на Шкупи за намерено удирање со рака со силен интензитет во предел на главата.

На натпреварот ФК Скопје – ФК Победа одигран на 04.09.2022 година, анализирани се ситуациите  30. и 64. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Христијан Џонов и Бојан Андевски;

30. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од Победа центрираше висока топка кон соиграч пред шеснаесетникот на Скопје, играчот од одбраната на Скопје направи прекршок над играчот на Победа додека топката патуваше кон играчот и не беше во посед на топката.

Исправна одлука на судијата што досуди слободен удар и додели жолт картон за играчот на Скопје, бидејќи контактот  беше надвор од шеснаесетникот и играчот на Победа ја немаше топката во посед и контрола .

64. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден гол)

Центрирана топка во шеснаесетникот на Скопје, играч од нападот на Победа ја удри топката со глава кон голот на Скопје, на самата гол линијата голманот ја изби топката и го одбрани ударот.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи голманот го одбрани ударот на самата гол линија. За голот да биде признат топката треба со целиот свој обем да ја помине гол линијата, што не беше во овој случај.

На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Струга Трим Љум, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 2. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 3. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Арсими – ФК Пелистер одигран на 03.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 27. и 53. минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Филип Ицковски;

27. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на Пелистер, играч од одбраната на Пелистер ја изби топката со нога која потоа го удри во раката.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи играчот при избивање на топката го удри во рака, во ваква ситуација не се досудува удар од 11 метри.

52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ Досуден удар од 11 метри)

Играч на Арсими  беше во посед на топката и влезе во шеснаесетникот на Пелистер, пред него стоеше играч од одбраната на Пелистер и не направи никакво движење со телото и нозете,  играчот на Арсими се обиде да изнуди удар од 11 метри и падна без контакт (симулација).

Исправна одлука на главниот судија, досудено индиректен слободен удар и жолт картон за симулација на играчот од Арсими.

На останатите натпревари од 2. МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.

И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.

Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.

Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.

По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.

1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1

Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.

Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ

1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.

Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!

Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.

🏆 Рибник-Добреноец

🥈 Роденденски Пињати-Кичево

🥉 Клас МК Брод

Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).

Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.

Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.

Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.

Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.

Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.

Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.

Честито Ноле!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп11 часа

Хороскоп за недела (13 јули)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево13 часа

(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест...

Кичево21 час

Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во...

Култура1 ден

Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (12 јули)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Спорт2 дена

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета...

Скопје2 дена

СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61)...

Кичево2 дена

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско....

Култура2 дена

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и...

Автомобили2 дена

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

НАЈЧИТАНИ