Кичево
Супер акција на следните производи во АТВА Маркети – Кичево

Кичево
На „Пресека“ према Охрид вчера се случила нова сообраќајка, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди

На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.
Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичевскиот храм Св.Петар и Павле за „Воскресение Христово – Велигден“ преполн со верници

И оваа господова 2025 година Православните Христијани од речиси сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле – Кичево каде присуствуваа на полноќните богослужби по повод христијанскиот празник „Воскресение Христово – Велигден“.
– На наше огромно задоволство оваа година дворот на храмот заштитник на град Кичево беше целосно претесен за сите верници каде традиционално се собраа на соопштување на радосната вест „Христос Воскресна“, од страна на свештениците.
Радост и среќа будат најмладите кои чествуваат и ја негуваат верата, укажувајќи ни уште еднаш за важноста на овој ден и најголем празник!
Ви прилог официјална галерија преку нашиот објектив на Јован Ангелески
Христос воскресна!
Кичево
СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи

На 18.04.2025 во 20:40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(64) од Битола, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.
На местото на настанот починале возачите З.Д. и Х.Е, а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала.
Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, кичевско, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско, констатирани во медицински установи во Кичево и Скопје.
На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи, за јавноста предмалку извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (21 април)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за вторник (22 април)
-
Кичево6 часа
На „Пресека“ према Охрид вчера се случила нова сообраќајка, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди
-
Свет2 дена
Најстариот активен американски астронаут Дон Петит се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица (ISS) на својот 70-ти роденден.
-
Култура19 часа
(ФОТО+ВИДЕО) Во Бигорскиот Манастир и оваа година величествена прослава за Воскресение Христово – Света Пасха
-
Технологија23 часа
„Google“ со бесплатен „AI Premium“ план за студентите со времетраење од една година
-
Магазин2 часа
В сабота на сцена традиционалниот Велигденски концерт на КУД „Рацин“
-
Македонија4 часа
МВР: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење