Временска прогноза
Сув студ, утрински температури и до -10°C, ова се најновите метео вести

Сув студ следува во следниот период во Македонија, односно до самиот крај на оваа недела. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Во петок и во сабота ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Наутро ќе биде многу студено, па така температурите на повеќе места ќе се спуштаат близу -10 степени, а особено за време на викендот тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени.
Студено ќе биде и преку ден, што значи дека максималните дневни температури на многу места низ Македонија ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.
Во Скопје и околината исто така очекуваме стабилно, суво и студено време. Во петок и во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -4 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации

Под влијание на голем влажен Медитерански воздушен бран, веќе насекаде во Македонија имаме обилни врнежи од дожд, а температурите полека се повеќе опаѓаат.
Обилните врнежи ќе продолжат во текот на целиот денешен ден (петок 16 мај) се до ноќните часови кон утрешниот ден сабота (17 мај).
На повеќе места ќе наврне значително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд на метар квадратен, локално над 40 литри дожд на метар квадратен). И во Скопје и околината за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд.
Во исто време од север и од североисток ќе ни се спушта многу поладен воздух, кој и понатаму ќе ги спушта температурите на воздухот и тие ќе бидат значително потпросечни за средината на месец мај. Поради падот на температурите на воздухот, на планините над 1400/1500 метри надморска височина, особено во северозападните и во западните предели од Македонија ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка, во дел од планините и со висина од над 10 cм снег.
Да напоменам дека поради обилните врнежи, можно е зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а исто така, можни се и локални поплавувања. Апелирам, граѓаните да бидат многу внимателни, особено ако се движат покрај реките и водотеците, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од утре попладне влажен бран од Медитеранот носи обилни врнежи од дожд, ладно време и засилен ветер

По краткотрајната стабилизација на времето која ни следува во Македонија, веќе од утре попладне и навечер (четврток 15 мај) и во петок (16 мај) под влијание на голем влажен бран од Медитеранот, кај нас насекаде ќе има нови пообилни врнежи од дожд. На повеќе места ќе наврне позначително количество на воден талог, локално и над 30 литри дожд.
– Утре (четврток 15 мај) повремено и особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, а во петок (16 мај) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Исто така во петок (16 мај) од север и од североисток кон Македонија ќе се спушта значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите, и тие ќе бидат далеку под просекот за месец мај.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка (на повисоките височини над 1600/1700 метри со висина од над 10/15 cм).
Во Скопје и околината за време на овој голем Медитерански влажен бран ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни и проследени со повремено засилен ветер (утре четврток 15 мај) од јужен и од јгуоисточен, а во петок (16 мај) од северен правец.
- Што се однесува до температурите, тие најниски ќе бидат во петок (16 мај) кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, меѓутоа, ноќта кон сабота тие дополнително ќе опаѓаат.
Потпросечните температури за месец мај ќе продолжат и за време на викендот, кога исто така ќе има појава на повремен локален дожд, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (15 мај)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (16 мај)
-
Кичево1 ден
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата
-
Македонија18 часа
(ВИДЕО) МВР со апел за матурантите, на матурска прослава без автомобил!
-
Кичево2 дена
Културна и вселенска магија во Кичево – Финале од проектот „Interstellar Expressions“
-
Македонија1 ден
Дизелот од ноќеска поскапува, ова е новата цена
-
Кичево10 минути
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Скопје16 часа
МВР со детали во врска со информацијата за поставена бомба во салата Јане Сандански