Следете не

Временска прогноза

Сув студ, утрински температури и до -10°C, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Сув студ следува во следниот период во Македонија, односно до самиот крај на оваа недела. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Во петок и во сабота ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро ќе биде многу студено, па така температурите на повеќе места ќе се спуштаат близу -10 степени, а особено за време на викендот тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени.

Студено ќе биде и преку ден, што значи дека максималните дневни температури на многу места низ Македонија ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.

Во Скопје  и околината исто така очекуваме стабилно, суво и студено време. Во петок и во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -4 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени, пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.

Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.

Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп14 часа

Хороскоп за сабота (24 февруари)

ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да очекувате дека ќе бидете многу успешни и дека финансиите ќе одат...

Спорт15 часа

Изов даде своја анализа за Грузија, предводникот на женската фудбалска репрезентација очекува да се покажеме во добро светло

Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија. Контролните натпревари ќе бидат одиграни...

Театар15 часа

За својот роденден „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево со нивната најнова урнебесна комедија, во среда од 19ч сите патишта водат кон НУЦК „Кочо Рацин“, бидете таму!

Овој месец популарните тв ликови од „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во нашиот град ќе...

Занимливости16 часа

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот...

Технологија20 часа

Директорот на „Интел“ со отворена понуда за меѓусебна соработка на „AMD“ и „nVIDIA“

Во технолошкиот свет, големите компании се како „маче“ и „куче“ во светот на животните – не се сакаат и не...

Кичево1 ден

Телефони во раце за Владо од Кичево да продолжи со лекување, ајде народе да се обединиме, поголемиот дел на финансиите се собрани!

Почитувани добри и хумани луѓе, наши сограѓани, познаници, пријатели и добронамерници, изминува еден месец каде нашиот сограѓанин од Кичево Владо...

Спорт1 ден

Фудбалската федерација на Македонија одржа работилница со лицата задолжени за односи со медиумите на клубовите од македонската фудбалска лига

Фудбалската федерација на Македонија организираше работилница наменета за лицата во клубовите од Прва и Втора МФЛ и Прва женска фудбалска...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (23 февруари)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Спорт2 дена

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на зимски камп во Кичево до 25 февруари

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година), моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп,...

Автомобили2 дена

Што значат бројките и буквите на гумите?

На гумите има многу различни ознаки, секоја од нив има специфична функција, односно секој е важен на свој начин. За...

НАЈЧИТАНИ