Кичево
Нашиот кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ го прославува својот патрон, да се помолиме за здравје, мир и благосостојба!

Ни засветли светол и сечесен спомен. Се раѓа Живот, од беживотна утроба. На свет доаѓа Мајката на светот. Да ликуваат небесните, да играат земните, заедно со премудрите Јоаким и Ана. О, чудо преславно и необично, кој јазик може да ја воспее или која уста може да ја возвеличи Нејзината Красота. Посветла е од небесата и од зраците поблескава, Пречистата Царица.
Утре 21-ви септември православните верници го прославуваат Рождество на Пресвета Богородица или во народот позната како Мала Богородица.
Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.
На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот во Калишта.
Овој свет храм е домот на единствената икона каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.
Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.
Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ.
Традиционално вечерва како и секоја година посетете го нашиот кичевски Манастир Св.Богородица – Пречиста и помолете се за здравје, душевен мир, благодет и љубов.
Нека е за многу години!
Кичево
Вчера во сообраќајни контроли на подрачјето од СВР Охрид во Кичево најмногу санкции за возачи кои возеле побрзо од дозволеното

Вчера на 07.12.2023 година од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 31 возач што управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-05, Кичево-16), истакнаа од Министерството за внатрешни работи.
Кичево
(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“

Внесете Новогодишна магија во вашиот дом, голем избор на новогодишни украси и лампиони во АТВА Маркетите, посетете ги уште веднаш!
Кичево
(ФОТО) Кичевскиот „ART Caffe“ блесна во вистински предновогодишен сјај, пиете го најдоброто кафе во топол амбиент и нов уреден стил во срцето на градот

Повеќе од 10 години број 1 кафе во градот „ART Caffe“, позициониран на ул. „Борис Кидрич“ бр.1, специјализиран објект кој е ваш верен пријател, каде најубавото кафе е гаранција за позитивен ден и насмевки, сега односно во претстојната зимска сезона, блеска од убавина во свој проширен во максимално уреден стил. Нешто најново во зимската сезона е тоа што „ART Caffe“ започна со резервации за вашите мини-свечености, односно родендени и мини прослави.
Вистинска предновогодишна бајка, топол амбиент, прекрасно кафе, разновидни топли чаеви, се разбира најубавото „Segafredo Zanetti“ кафе, како и уникатните ладни чаеви од безвременскиот гурмански сируп „Philibert Routin 1883“ коj e познат низ целиот свет по неговиот квалитет и вкус. Одобрени од вегетаријанското друштво и сертифициран „Кошер“, 100% без глутен и холестерол.
Уживајте го вашето кафе во мирна и позитивна атмосфера, паркинг простор и уникат кој трае, секој ден започнувајќи од 07:00 до 00:00 часот.
Следете ги „ART Caffe“ – на фејсбук и на нивниот инстаграм профил – „ART Caffe“
„ART Caffe“ во летниот амбиент ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (8 декември)
-
Кичево4 часа
Вчера во сообраќајни контроли на подрачјето од СВР Охрид во Кичево најмногу санкции за возачи кои возеле побрзо од дозволеното
-
Временска прогноза11 часа
Продолжениот викенд стабилно и суво, студено ќе биде на утро и во вечерните часови
-
Спорт1 ден
Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“
-
Култура17 часа
Денес го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител.
-
Хороскоп38 минути
Хороскоп за сабота (9 декември)
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 7 декември