Следете не

Кичево

(ФОТО) Блесна светиот крст над црквата Св.Јован Крстител во кичевското с.Белица

Објавено пред

на

Белица / Belica

Денес и официјално беше поставен Светиот крст на селската црква Свети Јован Крстител која е во фаза на изградба во кичевското село Белица.

Како што наведуваат беличани проектот за крстот е на г-дин Цветан Соколески, додека изработката е дело на Игор Ѓорески од нашите долгогодишни партнери Радио Акорд и г-дин Марјан Кацески кој навистина се потрудија да овај крст биде изработен по сите стандарди.

Понатаму во интегралниот текст беличани упатија голема благодарност од Иницијативниот Одбор до сите помагатели, инаку посебна благодарност истакнаа до Автолакер Тони Стојкоски кој професионално го бојадиса и постави светиот крст со Аце Ванчоски.

Секоја чест за Белица и беличани!

Кичево

Кичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници

Објавено пред

на

ФОТО: „ЈКП Комуналец“- Кичево

Според она што граѓаните на град Кичево можат да го видат, повеќе од евидентно е дека „ЈКП Комуналец“ – Кичево ја стартува една од најглавните мисии за почисто и поубаво Кичево. Имено, деновиве сме сведоци на една обемна еколошка експанзија низ кичевските улици, речни корита, булевари и френкфентни сообраќајници, каде вработените спроведуваат еко-акција речиси секој ден, во зависност од временските услови, се разбира.

Да, токму така, се работи на терен, но еве ја користам оваа прилика, да ги охрабриме сите граѓаните да ја поддржат нашата мисија и заеднички да придонесеме за почисто и поубаво Кичево, затоа што тоа ни оди во прилог на сите граѓани без разлика на нашиот етникум, сите сме граѓани на овој град. Во соработка со Општина Кичево и градоначалникот Д-р Александар Јовановски сме во активна комуникација и максимална соработка во служба на граѓаните. Кичевчани во иднина ќе бидат сведоци на одлични вести со по чиста и по здрава средина за живеење, на кратко за Порта.мк истакна новиот директор на установата, г-дин Бојан Стојкоски

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com | Erik Mclean

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата.

По преземени мерки, тој е пронајден и приведен во полициска станица, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот

Објавено пред

на

©porta.mk

На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед  со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево23 минути

Кичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници

Според она што граѓаните на град Кичево можат да го видат, повеќе од евидентно е дека „ЈКП Комуналец“ – Кичево...

Култура4 часа

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој...

Магазин6 часа

За напредување на вашите мускули при вежбање, следните вообичаени грешки треба да ги одбегнувате

Изградбата на мускули и зајакнувањето на телото започнуваат веднаш штом ќе почнете да тренирате. Но, по одредено време, мускулите можат...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за петок (28 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија1 ден

Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle1 ден

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за...

Кичево1 ден

ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија1 ден

АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента

Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово...

На денешен ден1 ден

Времеплов: На денешен ден – 27 ноември

На денешен ден 27 ноември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Временска прогноза2 дена

Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во...

НАЈЧИТАНИ