Следете не

Култура

По повод манастирската слава за Рождеството на Св. Јован Претеча – „Иванден“ во Бигорскиот Манастир ќе се отслужи сеноќно бдение, за многу години!

Објавено пред

на

©Бигорски Манастир

Возљубени верници и почитувачи на Свештената Бигорска Обител и на славниот Претеча, Ве известуваме дека на денот кога го славиме сечесниот празник на Рождеството на нашиот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. Во сабота, на 6 јули, во Свештената Бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои Старецот и Игумен на Бигорската Обител, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.

Во недела наутро, на 7 јули, во 08:45 часот ќе започне архиерејската Божествена Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Старецот Епископ г. Партениј.

Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот. Затоа да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча.

Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на своето Рождество е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и чесните мошти што се пазат во неговиот храм ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат! Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, известуваат во интегрален текст за јавноста од Бигорскиот Манастир.

Култура

Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Објавено пред

на

ФОТО: Мимоза Стојчевска @ Патувања низ Македонија

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат китки кои се направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади.

Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијанитем врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле.

На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година, а се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните.

На овој ден не смеат да се сечат јаболки со нож, ниту да се удираат јаболки една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои разнесуваат за покојните.

Обичај е да се меси колач со јаболки.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Галичник

Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Прочитај повеќе...

Култура

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Објавено пред

на

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и евангелска љубов, на 13 јули (недела) 2025 година – во денот посветен на Соборот на светите апостоли (Павловден), ќе се изврши торжествената хиротонија на избраниот Високопреподобниот отец Георгиј, кој со Божја благодат ќе биде ракоположен во епископски чин како Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се слави Духовден, голем христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој празник, познат и како Педесетница, секогаш се одбележува во недела и трае три дена. Тој е единствениот меѓу 12-те големи празници кој нема претпразненство, но празничната атмосфера се чувствува во целиот период од Велигден до Духовден.

Во народната традиција, денот пред Духовден е познат како Задушница или „Мртва сабота“, ден посветен на душите на починатите, кога се изведуваат обичаи во нивна чест.

Празникот Педесетница се слави токму 50 дена по Велигден и е поврзан со еврејската традиција – кога Евреите го добиле Законот на Мојсие на Синај. Во христијанскиот контекст, тој ден ја одбележува дарбата на Светиот Дух врз апостолите, што се смета за основање на Христовата црква.

Според Библијата, на тој ден апостолите биле собрани заедно, кога одеднаш се слушнал силен звук како од ветрот, а Светиот Дух во форма на огнени јазици слегол врз секој од нив. Сите почнале да зборуваат на различни јазици. Народот што го слушнал шумот се зачудил, некои мислеле дека апостолите се пијани. Тогаш апостол Петар објаснил дека тие се исполнети со Светиот Дух и повикал народот да се покае и крсти. Тоа го направиле околу 3.000 луѓе.

Овој момент е опишан во книгата „Дела на светите апостоли“, каде се вели дека тоа било исполнување на пророштвото на Јоил – дека Светиот Дух ќе се излее врз сите луѓе. Тоа е и остварување на зборовите на Св. Јован Крстител, кој најавил дека Христос ќе крштева со Светиот Дух и оган.

Поради ова, Духовден уште се нарекува и празник на Света Троица – бидејќи на овој ден се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со тоа, овој ден се смета за роденден на Христијанската црква.

Народни обичаи и верувања
Во македонската традиција, Духовден се смета за многу важен ден – не се работи, се оди на црква, се прават гозби и обичаи, а на места попладне се игра оро. Во некои села се практикува обредот „Скрсти“ – молитва за дожд и плодна година.

Во народното верување, се смета дека од Велигден до Духовден душите на мртвите се слободни и се движат меѓу живите, често престојувајќи на цвеќињата на дрвјата. Се верува дека на Духовден душите разговараат меѓу себе, а ако некој ставел уво на гроб можел да ги слушне како шепотат.

На Задушница се организираат трпези и се дели храна „за душа“. Се верува дека душите мора да бидат нахранети пред да се вратат во задгробниот свет. Затоа, луѓето раздаваат храна и вода, и не се јаде ништо додека не се раздаде. Ако некој не добие, душата му останува „непричестена“.

Традиционално, црквите, домовите и гробовите се украсуваат со зелени гранки и цвеќиња – симбол на обновување и духовна свежина. Оревовите гранки, пак, имаат посебна улога – според верувањата, тие привлекуваат души, а истовремено ги штитат алиштата од молци.

Локални обичаи
Во некои краишта, како селото Лески во Неврокопско, постои верување дека полето го чува змеј кој живее во пештера, па на Духовден му принесуваат курбан за да го заштити посевот од град. Ако не се изврши ритуалот, се верува дека ќе дојде несреќа.

Во тој ритуал, се коле овен на планински врв и крвта се пушта во пештерата – домот на змејот. Жените носат лепчиња и ги редат околу пештерата, а обредите се прават со чукање клепало.

Во многу места на овој ден на гробовите се оставаат бардачиња (дулиња) со вода. Тие се носат дома и се пие од нив „за душа“. Во некои краишта тие се оставаат на гробот и се дополнуваат со вода во текот на годината.

Се верува и дека оние што починале меѓу Цветници и Духовден одат директно во рајот. Во Гевгелиско, пак, се верува дека до Духовден мора да се пожнее јачменот, оти потоа доаѓаат силни ветрови што може да го уништат родот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп11 часа

Хороскоп за недела (13 јули)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево12 часа

(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест...

Кичево20 часа

Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во...

Култура24 часа

Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (12 јули)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Спорт2 дена

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета...

Скопје2 дена

СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61)...

Кичево2 дена

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско....

Култура2 дена

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и...

Автомобили2 дена

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

НАЈЧИТАНИ