Lifestyle
Денес е Светскиот ден на велосипедот, направете полиса во „СН Осигурителен Брокер“ и осигурете го вашиот велосипед за возење без грижи!
Денеска е Светски ден на велосипедот, знаевте ли дека возењето на велосипед придонесува во организмот да се ослободува ендрофин, хормонот на среќата?
Одењето со велосипед на работа не само што е добро за здравјето и го намалува секојдневниот стрес на кој е изложен човекот, туку е и брзо, економично и еколошко решение со бројни придобивки и за велосипедистот и за локалната заедница.
Токму затоа дел од вработените во СН Осигурителен Брокер АД Битола и денеска на работа стигнаа со велосипеди, еколошко превозно средсто кое е составен дел од нивниот животен стил, велат од оваа општествено одговорна компанија.

3 Јуни, Генералното собрание на ООН во април 2018 година го прогласи за Светски ден на велосипедот.
– „Овој ден за нас е повод да потсетиме зошто е важно да се направи осигурување на велосипед. Осигурувањето на велосипед е ново и единствено решение на пазарот кое ви нуди финансиски надоместок во случај на кражба и незгода во која било ситуација. Статистичките податоци велат дека секој втор од нас има изгубено велосипед поради кражба“, посочуваат од СН Осигурителен брокер АД Битола.

Полисата за осигурување на велосипеди ги опфаќа следните ризици:
• Провална кражба
• Сообраќајна незгода
• Пожар
• Експлозија
• Удар од гром
За возење и прошетки без грижи! Заштитете се себеси, вашиот велосипед и уживајте во сигурноста која ја добивате со пакетот за осигурување на велосипед.
Целта на новото осигурување е да се подигне свеста за користењето на велосипедот како превозно средство, но и да се заштитат велосипедистите со оглед на големиот број кражби.
Велосипедистите се осигурени од следните ризици:
• Осигурување при незгода
• Смрт од незгода
• Траен инвалидитет
• Кршење на коски
• Трошоци за лекување
Одговорност кон трети лица штети настанати на ствари на трети лица штети за нарушено здравје.

🚲Осигурете го вашиот велосипед и уживајте во возењето!🚲
👉Повеќе информации за Полисата за осигурување на велосипеди во СН Осигурителен брокер АД Битола на 📞075/284-653 и 15 770.
Lifestyle
Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен леплив слој. Иако садовите се темелно измиени, маснотијата како постојано да се враќа. Добрата вест е дека причината е јасна, а решението — едноставно.
Зошто садовите стануваат лепливи?
Според Лорен ДаСилва, менаџер во „All-Clad“, лепливоста се јавува поради хемиски процеси кои се активираат при готвење. Ниту еден материјал не е имун — дури ни висококвалитетните стаклени садови или садовите од не’рѓосувачки челик.
Главни причини за леплив слој:
-
Разградба на масла и масти на висока температура, кои се претвораат во полимеризиран леплив филм.
-
Пареа што носи микро-честички маснотии нагоре, кои се таложат на постудени површини — најчесто на капаците.
-
Прскања од храна, скроб и неправилно исплакнати детергенти, кои создаваат тврд, мазен и леплив слој.
Како да ги отстраните тврдокорните лепливи наслаги?
1. Сода бикарбона + сол + топла вода (универзален метод)
-
Измешајте сода бикарбона, сол и малку топла вода.
-
Нанесете ја смесата на лепливите делови.
-
Почекајте 3–5 минути.
-
Истријте со мека четка за заби и добро исплакнете.
2. Оцет + вода + сода бикарбона (само за нерѓосувачки челик)
-
Истурете вода и оцет во сооднос 1:1 во тавата.
-
Оставете да зоврие неколку минути.
-
Истурете ја течноста и почекајте тавата да се олади.
-
Додадете сода бикарбона на топлата (но не жешка) површина.
-
Истријте со неабразивен сунѓер.
Како да спречите повторно формирање на леплив слој?
Корисни навики за чисти садови:
-
Не потопувајте мрсни садови во полн мијалник – маслото се шири и се врзува за целата површина.
-
Користете квалитетен детергент со формула за тешки маснотии. Благи детергенти често оставаат филм што подоцна станува леплив.
-
Редовно чистете ги капаците и рачките, бидејќи таму најмногу се таложат маснотии од пареа.
Со овие едноставни совети можете да ги одржувате садовите чисти, без лепливи наслаги и без дополнителен стрес околу миењето.
Извор: index
Lifestyle
(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.
Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.
По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.
Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.
Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:
@anatoly_pranks Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank
Lifestyle
„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.
Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.
Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.
За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.
ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling“
-
Кичево2 денаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (10 декември)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Временска прогноза2 денаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Магазин2 денаДоаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости
-
Македонија23 часаОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца






