Занимливости
Светскиот гигант „Google“ ќе ги враќа вработените во своите канцеларии, работењето од дома ќе стане минато

Технолошкиот гигант „Google“ на голем број вработени им издаде соопштение во кое се бара истите да се вратат во канцеларија или ќе се соочат со отпуштање. Иако вредноста на работењето од дома беше јасно изразена за време на кризата со „Ковид-19“, големите американски компании, како што е „Google“, продолжуваат да инсистираат на враќање во канцеларија.
Американскиот „CNBC“ објави дека „Google“ ги известил своите вработени во САД, кои претходно имаа дозвола да работат целосно од далечина, дека мора да преминат на хибриден режим на работа.
– Според новите правила, вработените во одредени тимови ќе мора да доаѓаат во канцеларија три дена во неделата, според интерните документи.
Оваа одлука доаѓа откако ко-основачот на „Google“, Сергеј Брин, ги повика вработените почесто да доаѓаат во канцеларијата во февруари, во обид да ја натера компанијата да преземе водечка улога во револуцијата на вештачката интелигенција, пренесува српски benchmark.
Занимливости
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.
Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.
Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.
Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.
Занимливости
Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.
Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.
Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.
Занимливости
Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се работи за изумрен вид што припаѓал на семејството гавијали – блиски роднини на денешните крокодили и алигатори – кој живеел во миоценската епоха.
– Најдени биле фосили од череп, заби, скелет и фрагмент од кожна обвивка наречена остеодерм. Овој мал фосилен дел, со дијаметар од само 30 мм, бил откриен во јуни 2023 година во седименти на дното од езеро во рудникот. Иако првично изгледал како обично парче коска, деталната анализа покажала дека станува збор за дел од кожа од крокодил.
Europe's oldest known zoo animal, Marta the alligator, will celebrate her 95th birthday in Poland tomorrow.
Marta, who first arrived at Płock Zoo in 1960, has outlived the typical lifespan of her species by decades https://t.co/pYTj6ug9LY
— Notes from Poland 🇵🇱 (@notesfrompoland) May 16, 2025
Според научниците, остатоците припаѓаат на видот диплоцинодон – изумрен вид влекач. Интересно е што ова е најсеверната точка на која досега се пронајдени фосили од крокодили од миоценот, иако има и постари откритија од периодот на креда, како на пример во Шведска.
Миоценот бил период со топла и влажна клима, што овозможило развој на богата флора и фауна. Крокодилите од тоа време можеле да пораснат и до шест метри, додека помалите, кои живееле во слатки води, достигнувале должина од три метри.
Szczątki krokodyla sprzed 17 mln lat odnaleziono na terenie kopalni „#Bełchatów”. #naukahttps://t.co/8CUDdfS4Ob pic.twitter.com/EIcGs2vnb6
— Dzieje.pl (@dziejepl) May 25, 2025
Фосилот сега е сочуван во Музејот на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Acta Palaeontologica Polonica, пренесува notesfrompoland.com
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (2 септември)
-
Спорт17 часа
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија2 дена
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Македонија16 часа
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех
-
Спорт2 дена
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија
-
Временска прогноза13 часа
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер