Македонија
СВР Битола поднесе дури пет кривични пријави за предизвикување на пожари во Битола и битолско
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице по член 288 од КЗ за пожари предизвикани во периодот од 15.06.2024 до 10.09.2024 година. Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д. (70) од Битола, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 29.07.2024 запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, битолско, со цел да уништи инсекти. Поради ветрот пожарот се проширил и во соседните ниви, по што бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола.
Поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ. Поднесена е кривична пријава против Т.И.(27) од с.Кременица,битолско, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 04.09.2024 запалил стрниште во атарот на село Кременица, битолско и со тоа сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ.
Поднесена е кривична пријава против правно лице по чл. 288 ст.5 бидејќи на 03.08.2024 околу 17.55 часот во с. Стрежево,битолско, од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја. Поднесена е кривична пријава против Р.Р.(58), со привремен престој во Битола, заради тоа што на 04.08.2024 запалил плевна во с. Црнеец,битолско, а потоа огнот се проширил и во околината каде горела сува трева. Поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ, поднесена е кривична пријава.
Исто така, поднесена е кривична пријава и против П.Б. (46) од Битола, заради основано сомнение дека пријавениот на 04.08.2024 околу 20 часот во с. Лопатица,битолско, на место викано „Белан атар“ запалил скара во близината на неговото лозје и истата ја оставил неизгасена, со што предизвикал пожар односно сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност “, предвидено и казниво по чл. 288 ст.1, од КЗ, известуваат од МВР.
Македонија
Денес се чествува 83 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
Денес се чествува 83 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.
Историја
По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.
И пред 11 октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, на 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентотМане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец.
Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани,распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.
Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.
Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.
Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од Смилево, мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.
Дејствија има и во Кумановско. На 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14 октомври, а Козјачкиот одред – на 17 октомври.
Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.
Македонија
На малопродажните објекти авто-плинот со нова покачена цена за литар
„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес се продава со покачена цена за литар, односно цената е зголемена за 2,5 денари.
Имено како што знаеме ова гориво не е под Регулаторна комисија за енергетика, така што истата зависи од малопродажните објекти (бензински станици).
На малопродажните објекти денес авто-гасот се продава по цена од 44,00 ден/лит, додека во пракса на некои од малопродажните објекти се продава по цена од 43,50 ден/лит.
Претходно последна промена на ова погонско гориво бележиме летово на 21-ви јуни каде цената се намалила за 2,5 ден и истото чинело 41,50 ден/лит
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“
Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“. Притоа, полициски службеници, ја посетија детската градинка „Росица“ и низ интерактивен пристап, на 65 дечиња од предшколска возраст, им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот.
Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (12 октомври)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за недела (13 октомври)
-
Спорт2 дена
(ГАЛЕРИЈА) „Четири од четири“ за екипата на ФК „Кичево“ која денес оствари убедлива победа во Ресен против екипата на ФК „Преспа“
-
Театар1 ден
Во четврток во Кичево и Гостивар доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“ со премиерата „Ја Мишките“
-
Временска прогноза3 часа
Пред нас сушен период со ниски утрински температури, ова се последните метео вести
-
Магазин2 дена
Јапонија ги добива првите USB4 2.0 кабли во светот, со неверојатни брзини
-
Магазин2 дена
Револуција за гејмерите на Android: игрите на Xbox директно во апликацијата од ноември
-
Спорт5 часа
Димитриевски: Имам многу добра соработка со одбраната, верувам дека и денес нема да примам гол!