Македонија
СВР Охрид истакна информација за изменет сообраќаен режим на „Македонски просветители“
СВР Охрид ја известува јавноста дека од утре, 19.09.2023 година (вторник), на сила ќе биде нов режим на сообраќајот на булеварот „Македонски просветители во Охрид.
Според новиот сообраќаен режим, кој е усогласен со надлежните служби во локалната самоуправа, предвидено е такси постојката на булеварот „Македонски просветители“, во близина на поштата, да се дислоцира на улицата „Партизанска“, a локацијата да биде пренаменета во паркинг простор. Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси постојка на булеварот „Македонски просветители“, од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, ќе биде отворен за сообраќај во правец од рампата кај поштата кон булеварот „Туристичка“ со што од утре сообраќајот по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ ќе се одвива двонасочно.
СВР Охрид апелира до возачите да се придржуваат до измените и да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, утре, на посочените локации и практично ќе ги информираат граѓаните за новите сообраќајни измени.
Македонија
АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово известува АМСМ.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни картички при плаќање гориво и други производи, дознава Порта.мк од релевантни извори.
Од денес, на сите бензински станици низ државата што се дел од мрежата на „ЛУКОИЛ Македонија“, плаќањето со „VISA“ картички е повторно целосно овозможено и функционира непречено.
За граѓаните ова значи враќање на целосната функционалност и олеснета услуга при користењето на платежните картички на бензинските станици од „ЛУКОИЛ Македонија“, ширум Македонија.
Македонија
(ФОТО) МВР: Поради одрон кај Царев Двор-Отешево во прекин е сообраќајот во двата правци кај Ресен, односно Стење
Денеска (25.11.2025) од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење.
Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена, известува МВР.
-
Кичево2 денаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево21 часОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија15 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Хроника2 денаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза2 денаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Временска прогноза8 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
