Следете не

Македонија

СВР Охрид ќе ги зајакне мерките од превентивен карактер за заштита на шумите од пожари

Објавено пред

на

Со цел поголема заштита од шумски и други пожари на отворен простор, СВР Охрид ќе ги зајакне мерките од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, вклучени се сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.

Во соработка со територијалната против-пожарна единица, ЦУК, ЈП „Национални Шуми“, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции, ќе се следи состојбата на подрачјето и ќе се преземаат предвидени мерки за заштита но и навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти за координирано преземање на натамошни мерки и навремено локализирање.

Предвидени се  плански патроли на отворен простор помеѓу полициските службеници и шумската полиција, со цел елиминирање на опасноста од предизвикување на пожар како и надзор во претпријатијата што стопанисуваат со шуми, пасишта и на одговорните лица на кои ќе им се укаже за потребата од зајакната контрола на терен за заштита од пожари и примена на законската регулатива.

Предвидена е интензивна соработка со институциите и на регионално ниво за размена на информации во врска настанати пожари, организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки.

Посебен акцент е ставен на средби со советодавни групи на граѓани и локални совети за превенција, со приоритетна тема превентивно делување за заштита од пожари на отворен простор и практична реализација на концептот “Соработка помеѓу полицијата и заедницата” за интензивирање на мерки за превенција и заштита од пожари, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на населението, за порта извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Македонија

Од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Annie Smurova

Од следниот викенд, односно сабота – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала ( 4×4 ) се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала

· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Прочитај повеќе...

Македонија

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

Објавено пред

на

Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишија од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Н.(77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица А.Ф.(44), Ј.К.(35) и И.С.(57) како посредници сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Ф.Ф.(47) сторил продолжено кривично дело „примање поткуп“.

Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го поттикнале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени.

При извршени претреси на други локации пронајдени се парични средства во значителна вредност, информира МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

Автомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба

Објавено пред

на

На 05.11.2025 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.,,Моински Пат” во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П. (62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б. (51) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гевгелија.

По извршените проверки констатирано е дека Г.Б. бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија10 минути

Од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици

Од следниот викенд, односно сабота – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите...

Македонија17 минути

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство...

Временска прогноза5 часа

Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (7 ноември)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Технологија23 часа

Кичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?

Корпорацијата која потекнува од Кичево, „CvetanskiFootage“ под закрила на „Vangardo Creations“ направи прашалник кое ќе помогне за истражувањето. Одговорете точно...

Македонија1 ден

Автомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба

На 05.11.2025 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.,,Моински Пат” во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа...

Фото: Mika Baumeister @ unsplash Фото: Mika Baumeister @ unsplash
Магазин1 ден

Google воведува проверка на возраста во Play Store: што значи ова за корисниците?

Google започна со постепено воведување на нов систем за верификација на возраста во Play Store, сличен на оној што веќе...

Фото: Maxim Hopman @ unsplash Фото: Maxim Hopman @ unsplash
Магазин1 ден

Поевтиниот MacBook на Apple пристигнува во 2026 година – со iPhone чип и цена под 1.000 долари

Apple подготвува нов, поевтин MacBook кој ќе ја прошири понудата на лаптопи на компанијата и ќе биде насочен кон корисници...

Фото: Kamil Switalski @ unsplash Фото: Kamil Switalski @ unsplash
Магазин1 ден

Nintendo Switch 2 ја руши историјата: најбрзо продаваната конзола досега

Nintendo Switch 2 постигна историски успех и официјално стана најбрзо продаваната конзола во историјата на Nintendo, надминувајќи ги рекордите што...

Балкан1 ден

Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига

Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската...

НАЈЧИТАНИ