Следете не

Македонија

СВР Охрид по извршено вештачење одзеде шест возила поради сомнение за фалсификат

Објавено пред

на

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат. По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за коли на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица.

Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

Македонија

Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Mario Verduzc @ Unsplash.com

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7 јуни 2025 година, регистрира серија земјотреси со епицентри во соседна Република Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути, чиј епицентар се наоѓа 290 km југоисточно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML5.2.

Земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од ЦУК.

Извор: ЦУК

Прочитај повеќе...

Македонија

Срамота: Пред Духовден во село во Македонска Каменица оштетени гробови

Објавено пред

на

На 06.06.2025 во 16.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Љ.Г. (60) од Македонска Каменица пријавил дека во периодот од неколку недели на гробиштата во с.Косевица, општина Македонска Каменица, биле оштетени надгробните плочи од гробовите на неговите починати родители.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности

Објавено пред

на

Во периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РМ ќе реализираат тактичко-технички активности.

Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција).

Апелираме до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт20 минути

(ВИДЕО) Американската тенисерка Гауф триумфираше на „Ролан Гарос“ по победата над белорусинката Арина Сабаленка

Американската тенисерка Коко Гауф триумфираше на Ролан Гарос, совладувајќи ја Арина Сабаленка со резултат 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-4)....

Спорт4 часа

(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!

Во рамки на вчерашниот успешен меч завршни зборови со фудбалерите имаа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и првиот...

Македонија4 часа

Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија7 часа

Срамота: Пред Духовден во село во Македонска Каменица оштетени гробови

На 06.06.2025 во 16.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Љ.Г. (60) од Македонска Каменица пријавил дека во периодот од...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за сабота (7 јуни)

ОВЕН Можно е во текот на денешниот ден да успеете да склопите нови деловни контакти кои ќе ви значат многу...

Култура23 часа

(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат

Фрагмент од изјавата за Македонија и за Патриотизмот, составен дел од новиот филм со наслов „Подвижник“ на г-дин Илија Каров,...

Спорт1 ден

Младиот шпанец Карлос Алкараз обезбеди место во финалето на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, кој е втор на АТП ранг-листата, денеска обезбеди место во финалето на Ролан Гарос, откако неговиот...

Скопје1 ден

МВР го расчисти вчерашното убиство во обид во скопско, одредена мерка притвор

На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско,  пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во...

Технологија1 ден

„Google Photos“ прославува 10 години со нови можности засновани на вештачка интелигенција

По повод десетгодишнината на Google Photos, компанијата претстави значајни подобрувања во уредувањето на фотографии, ставајќи акцент на употребата на вештачка...

Спорт1 ден

Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе се сретне со Белгија во третото квалификациско коло за Светското првенство. Пред натпреварот што ќе...

НАЈЧИТАНИ