Следете не

Македонија

СВР Охрид: Поради централната свеченост Ден на Армијата на Република Македонија, со времен прекин за пловидба ќе биде каналот „Студенчишта“

Објавено пред

на

СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“, ја известуваат јавноста дека утре (18 август 2024 година) од 09.30 до 12 часот, во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“. Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што, утре ќе се одржи Централната свеченост по повод 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија.

Поради утрешниот значаен настан, апелираме, граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Македонија

Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика

Објавено пред

на

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/facebook/radiostrumicanet

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се распламтува пожарот. Како што се наведува во изворот, ТППЕ Струмица се вече на терен, но ветерот прави дополнителен проблем, пишуваат колегите од Радио „СтрумицаНет“.

Видео во прилог:

 

Првиот човек на град Струмица, Костадин Костадинов предмалку излезе со свој натпис на социјалната мрежа и вели:

Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница. Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат.

Прочитај повеќе...

Македонија

Министерството за здравство: „Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати се медицинските тимови и се на терен“

Објавено пред

на

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот.

Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти. Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.

Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните. Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност.

Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност.

Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик, преку интегрално соопштение истакна Министерството за здравство.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје3 часа

СВР Скопје: Управувал возило без возачка со 104 км/ч каде било ограничено 50 км/ч

Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски”...

Спорт6 часа

Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија...

Спорт10 часа

Ова се стартните 11 на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн

Почетните 11. на Македонија против Лихтенштајн #НапредМакедонија 🇲🇰 #ГордиПодСонцето ☀️ #ХрабриВоСрцето 🇲🇰

Македонија12 часа

Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода...

Култура15 часа

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост,...

Временска прогноза1 ден

Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24...

Спорт1 ден

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло...

Македонија1 ден

(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се...

Спорт1 ден

Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати

Утре македонската „А“ фудбалска селекција ќе го одигра првиот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуц за пласман на СП 2026....

Автомобили1 ден

Дали знаете за што служи ова копче во автомобилот? Повеќето луѓе го користат погрешно

Со порастот на температурите, вклучувањето на клима уредот во автомобилот станува неопходно. Сепак, многумина не добиваат брзо и ефикасно ладење...

НАЈЧИТАНИ