Македонија
СВР Охрид потсетува на законот за нарушување јавен ред и мир, гласна музика и бучава
Според законот за прекршоци против јавниот ред и мир, „оној што го нарушува мирот на други со пеење, користење музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично), во периодот од 15 до 18 часот и по 23 часот до 6 часот наутро, полицијата ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
За прекршокот, на правно лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
Глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец-поединец кој врши угостителска дејност ако не преземе мерки да не дојде до извршување на прекршокот во неговиот угостителски објект.
Портпарол на СВР Охрид
М-р Стефан Димоски
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
-
Хороскоп23 часаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура2 денаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза1 денОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин11 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин11 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин11 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин11 часаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
