Македонија
СВР Охрид со извештај за акциската контрола за алкохол викендов

На 08/09.01.2022 година од 22 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид беа реализирани засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнаа 18 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-12, Струга-02, Кичево-03, Дебар-01) Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија

На вечерашнава прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека на територија на пријателска Турција е пронајден и лишен од слобода и главниот креатор, планер, координатор и директен извршител на неколкуте кривични дела поврзани со монструозното двојно убиство во Скопје и во Велес. Министерот Спасовски информираше дека штотуку е добиено и официјално известување од колегите од Турција, а пронаоѓањето соодветствуваше на оперативните сознанија на македонското МВР во врска со патеката на движење на осомничениот.
– „Тоа беше и последната алка од овој грозоморен чин, која ни недостигаше за да кажеме дека сме завршиле сѐ што беше во надлежност на МВР сосема да ги разобличиме сторителите на ова свирепо двојно убиство, кое длабоко нѐ потресе сите, од најмладо, до најстаро.
Вчера попладне, на барање на нашето Министерството за внатрешни работи, беше распишана итна меѓународна потерница од страна на Интерпол за Љ.П. од Скопје, лице барано за истрага на тешки кривични дела „грабнување” и “убиство“, по издадена наредба од Основното јавно обвинителство Скопје. Тоа е т.н. ЦРВЕНА ПОТЕРНИЦА која во истиот момент стана видлива во целиот свет, во сите земји членки на Интерпол“, истакна министерот Спасовски, упатувајќи посебна благодарност за соработката најпрво до Република Турција, како и до Република Србија и Република Бугарија, на чии територии водеше патеката на движење на осомничениот, но и на Република Хрватска, која самоиницијативно извести дека веќе извршила проверки на нивната територија.
– „Секако, би сакал да се заблагодарам и на досегашната одлична соработка во рамки на Интерпол, а длабоко во себе верував и посакував фаќањето на злосторникот да оди брзо. Сега веќе можам да кажам дека нашето заврши, а постапката за определување на екстрадиционен притвор за него продолжува од страна на Министерството за правда сѐ додека лицето не биде спроведено во нашата држава, а потоа и веднаш изведено пред лицето на правдата. Правдата е совест, не лична, туку совест на целото човештво. Затоа, ако сакаме мир во душите, правдата мора да биде брза, целосна и до крај спроведена“, истакна министерот Спасовски.
Инаку кривичната пријава против петте лица е веќе изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доказите приложени во неа и предадена на Основното јавно обвинителство.
Со неа се опфатени пет лица, од кои еден за грабнување и за убиство, тројца за грабнување и за соизвршителство при убиство и еден за помагање при грабнување, предвидени со нашиот Кривичен законик, кои се осомничени согласно доказите кои полицијата ги прибра во предистражната постапка.
Македонија
МВР ги подбра возилата кои движат без атест на фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 159 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.
Македонија
Од ноќеска цената на горивата се намалува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,431 ден/кг,
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (6 декември)
-
Кичево1 ден
Полициски службеници од СВР Охрид и ОВР Кичево денес во О.У. „Кузман Јосифовски-Питу“ го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Булинг и сајбер булинг“
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевскиот „ART Caffe“ блесна во вистински предновогодишен сјај, пиете го најдоброто кафе во топол амбиент и нов уреден стил во срцето на градот
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за четврток (7 декември)
-
Временска прогноза23 часа
На пат студен бран од север, дождот ќе премине во снег кој истиот најпрво ќе се спушти до 1000 метри надморска височина
-
Македонија2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија
-
Спорт3 часа
Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“
-
Кичево4 часа
(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“