Македонија
СВР Охрид со вонредно известување за состојбите на превоите Стража и другите фрекфентни сообраќајници
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2018/12/Straza_sneg.jpg)
СВР Охрид ги известива возачите на патнички и други моторни возила дека, сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево(автопат во изградба) се одвива нормално но со намален интензитет во двете насоки и без застој, додека, на патниот правец Кичево-планински превој „Стража“, сообраќајот, поради обилни снежни врнежи, се одвива отежнато и по една сообраќајна лента. На овој патен потег, на сила е забрана за движење на тешки товарни моторни возила.
Патните правци Струга-граничен премин Ќафасан и Струга-Дебар, се проодни, нема застој или други ограничувања а интензитетот на патниот сообраќај е умерен. Полициските службеници се на терен и преземаат мерки за безбедно одвивање на сообраќајот посебно на патниот правец Кичево-Стража.
СВР Охрид, ги информира возачите на моторни возила дека е потребно, да извршат дислокација на своите возила паркирани на булеварот „Туристичка“ и на другите пофрекфентни сообраќајници во Охрид, со цел да им овозможат на возилата од јавните претпријатија да извршат целосно чистење на коловозите од снежните наноси.
Апелираме до возачите на моторни возила, на крајна внимателност при управување со моторните возила по патиштата и почитување на насоките на полициските службеници, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Македонија
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/fb_img_1721923959742.jpg)
Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, за доаѓање на манифестација во Крушево на ден 01 и 02.08.2024 година треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево, известуваат од МВР.
Македонија
Од ноќеска нова намалена цена на горивата
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2020/10/lukoil-kicevo2020_portamk.jpeg)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.
Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2020/03/mvr_yeti.jpg)
На подрачјето на СВР Скопје изминатиов период регистрирани се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани веднаш да пријават во полиција, истакнаа од МВР.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (26 јули)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои
-
Македонија1 ден
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
-
Спорт1 ден
Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига
-
Балкан3 часа
Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола
-
Технологија1 ден
Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?