Кичево
Демант од СВР Охрид: Стара е веста за случена сообраќајка кај кичевското село Трапчин Дол, која беше за жал со жртви

Предмалку до нашиот медиум вознемирени граѓани и читатели упатија низа прашања за тоа дали денес се случила сообраќајка кај село Трапчин Дол кичевско со трагични последици, по проследена објава на некои портали дека се случила сообраќајка, по што го контактиравме Секторот за внатрешни работи – Охрид, односно портпаролот Стефан Димоски кој за Порта.мк го истакна следново:
– „Запознати сме дека некои медиуми имаат истакнато дека се случила тешка сообраќајка кај кичевското село Трапчин Дол, така што во овој момент преку вашиот медиум ја демантирам таа вест бидејќи станува збор за веќе случена сообраќајна несреќа која за жал беше со смртни последици. Сообраќајот моментално се одвива нормално и непречено.
– Исто така, апелирам до медиумите да ги проверуваат вестите со цел точно и навремено информирање на граѓаните“ – истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Изгасен голем пожар во близина на с.Белица, ТППЕ и граѓаните спречија поголема катастрофа!

Предмалку штотуку беше ставен во контрола разбеснат пожар кој избувна во близина на с.Белица кичевско.
По пријавата на граѓани, ТППЕ Кичево со 2 противпожарни возила и 10 пожарникари и граѓаните заедно спречија поголема катастрофа, каде голема можност имало да се зафатат и електрични мрежи.
Огнената стихија најпрво ја увиделе нашите сограѓани Филип, Дејан и Влатко, кој со сите расположливи сили сториле се што можат, но силниот ветер додека дошле пожарните си го направил своето. Иако се со повреди по рацете, за Порта.мк истакнаа дека тоа е моментална обврска на секој што живее во Македонија. Секоја чест!
– ТППЕ Кичево преку нашиот медиум уште еднаш апелира да се внимава со отпушоци, да не се шета во шумски предели додека трае забраната за движење и да се почитуваат сите пропишани мерки за заштита од пожари!
Кичево
На магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на с.Трапчин Дол се случила сообраќајна незгода, сообраќајот се одвива наизменично

Предмалку во близина на с.Трапчин Дол кичевско се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила.
Од она што може да се констатира од терен, станува збор за полесна сообраќајка, каде причинета за среќа е само материјална штета.
Екипи на ОВР Кичево и ЈЗУ Општа Болница веднаш излегле на терен, додека увидна екипа при ОВР Кичево врши увид, сообраќајот се одвива наизменично со пропуштање.
Повеќе детали очекуваме во утрешниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
Кичево
Кичевските села Поповјани, Премка и останатите без вода за пиење поради дефект на водоводна цевка

ЈП „Комуналец“ – Кичево ги известува сите корисници на вода за пиење дека ќе има прекин во снабдувањето, поради дефект на главната водоводна цевка на ЈП „Студенчица“, која го снабдува со вода КХЕ „Осломеј“ и околните села, од денес, сабота 19.07.2025, ќе има прекин во водоснабдувањето до целосно отстранување на дефектот.
Без вода за пиење ќе останат следните села: Гарани, Шутово, Премка, Црвивци, Србица, Аранѓел, Поповјани, Јагол, Колибари и Длапкиндол.
Екипите на КХЕ „Осломеј“, ЈП „Студенчица“ и ЈП „Комуналец“ се на терен и работат на што побрзо санирање на дефектот, стои во соопштението за јавноста на ЈП „Комуналец“ – Кичево.
Извор: ЈП „Комуналец“ – Кичево
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (24 јули)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за петок (25 јули)
-
Македонија2 дена
УЈП со важно соопштение за авто-такси превозниците
-
Македонија2 дена
СВР Тетово спречи девојка да си го одземе животот, лишен од слобода маж поради сомнение за посредување на проституција
-
Македонија2 дена
Страшен билансот на македонските патишта, за два дена 1293 сообраќајни прекршоци, 305 за брзо возење
-
Lifestyle21 час
Поради една грешка, клима уредот троши трипати повеќе електрична енергија
-
Lifestyle21 час
Избркајте ги мувите со лимон: Природен трик што навистина делува
-
Македонија22 часа
Исклучен од сообраќај тетовчанец, управувал автомобил под дејство на алкохол