Македонија
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона
Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работаат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.
Целта на состанок е координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови.
Притоа, беа ажурирани работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона и прецизно се дефинираа задачите и обврските на сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика.
На работниот состанок беа утврдени материјално техничките средства и човечките ресурси со кои располагаат надлежните јавни претпријатија за одржување на патиштата и улиците, нивната подготвеност за преземање на мерки за зимско одржување на патиштата, навремено известување и координација за состојбата на патиштата.
Работниот состанок значи уште еден обид за синхронизирање и координирање на мерките на сите субјекти поврзани со зачувување на употребната вредност на патиштата и високо ниво на функционална состојба што треба да овозможи непречен и безбеден сообраќај во зимски услови, за Порта.мк денес истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево6 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево9 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Македонија22 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Временска прогноза7 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Здравје и убавина2 денаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
