Македонија
СВР Охрид викендов спроведе акциска контрола за алкохол, во Кичево и Струга најмногу санкционирани

На 18/19.05.2024 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03, Кичево-05, Дебар-01).
Тие, веднаш биле исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува исто така 70,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,928 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит.
Македонија
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода

На 17.06.2025 во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје.
Во моментот кога полициски службеници дале знак за запирање на возилото „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил совозач, Л.С. од прозорецот фрлил тврда бела материја, а откако излегол од возилото се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР.
Македонија
Тлото не мирува, предмалку нов послаб земјотрес регистриран во охридско!

Предмалку „ЕМСЦ“ регистрираше нов земјотрес во Македонија со јачина од 2,4 степени според Рихтер. Според изворот земјотресот е лоциран со длабочина од 5 км на 7 до 8 километри југозападно од Охрид.
🔔#Earthquake (#земјотрес) M2.4 occurred 7 km SW of #Ohrid (Republic of North Macedonia) 2 min ago (local time 00:48:09). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/HNNe31A27t
🖥https://t.co/LOwnHpfO5J pic.twitter.com/dPDTSvbeQE— EMSC (@LastQuake) June 16, 2025
-
Lifestyle1 ден
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија10 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за петок (20 јуни)
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје1 ден
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје8 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Спорт4 часа
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал