Македонија
СВР Охрид во недела ќе ја отпочне сообраќајната кампања „Советуваме, не казнуваме“
СВР Охрид преку отсекот за превенција, на 11.02.2024 година (недела), ќе ја отпочне новата превентивна сообраќајна кампања „Советуваме, не казнуваме“.
Се работи за кампања што ќе се спроведе во соработка со полициски службеници од полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел, зголемување на степенот на безбедносната култура и совеста кај сите учесници во сообраќајот, пред се кај возачите на патнички и други моторни возила.
Предвидено е, поставување на сообраќајни пунктови на сообраќајниците во и надвор од населените места, каде низ непосреден контакт со возачите, ќе им се укаже на прекршокот што го направиле при што, ќе нема изрекување на казна туку, низ кратки совети, на возачите ќе им се укаже на потребата од внимателно и совесно управување со возилата, придржување до сообраќајните правила и прописи и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. На возачите ќе им бидат поделени едукативни флаери со кратки совети за одговорно возење и учество во сообраќајот.
Од советодавните превентивни мерки во оваа кампања, ќе бидат исклучени оние возачи кои, ќе се затекнат како управуваат моторни возила под дејство на алкохол или наркотици. Тие, веднаш ќе бидат исклучени од сообраќај, ќе им се одземат возачките документи и ќе им бидат поднесени соодветни платни налози.
СВР Охрид преку отсекот за превенција, самостојно но и во соработка со РСБСП, има реализирано околу 100 превентивно едукативни кампањи за побезбеден сообраќај насочени кон потребата од користење зимска опрема, некористење мобилни телефони, паркирај совесно, стави појас, безбедно со трактор, а посебни едукативни програми се реализирале за најмладите учесници во сообраќајот, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел куќата на Јане Благадушоски, домаќин човек со добра душа. Преку нашиот медиум упатуваме апел до сите кои можат да помогнат финансиски оваа куќа да се возобнови за да може Јане да продолжи безгрижно да живее.
Т-ска сметка: 270700006540756
Банка: Халк Банка
Име и презиме: Јане Благадушоски
с.Воѓани / ул. Најдо Најдоски бр. 149
Да бидеме хумани, затоа што животот е непредвидлив, може секого да го доведе до искушение.
Со почит до сите.
Број за контакт: 079/266-512 – Бојан Благадушоски
Македонија
Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 65,50 ден/лит, соопшти РКЕ.
Македонија
Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево9 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура13 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија3 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Здравје и убавина1 денНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин12 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
-
Спорт14 часа„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
