Следете не

Македонија

СВР Охрид во недела ќе ја отпочне сообраќајната кампања „Советуваме, не казнуваме“

Објавено пред

на

СВР Охрид преку отсекот за превенција, на 11.02.2024 година (недела), ќе ја отпочне новата превентивна сообраќајна кампања „Советуваме, не казнуваме“.

Се работи за кампања што ќе се спроведе во соработка со  полициски службеници од полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел, зголемување на степенот на безбедносната култура и совеста кај сите учесници во сообраќајот, пред се кај возачите на патнички и други моторни возила.

Предвидено е, поставување на сообраќајни пунктови на сообраќајниците во и надвор од населените места,  каде низ непосреден контакт со возачите, ќе им се укаже на прекршокот што го направиле при што, ќе нема изрекување на казна туку, низ кратки совети, на возачите ќе им се укаже на потребата од внимателно и совесно управување со возилата, придржување до сообраќајните правила и прописи и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. На возачите ќе им бидат поделени едукативни флаери со кратки совети за одговорно возење и учество во сообраќајот.

Од советодавните превентивни мерки во оваа кампања, ќе бидат исклучени оние возачи кои, ќе се затекнат како управуваат моторни возила под дејство на алкохол или наркотици. Тие, веднаш ќе бидат исклучени од сообраќај, ќе им се одземат возачките документи и ќе им бидат поднесени соодветни платни налози.

СВР Охрид преку отсекот за превенција, самостојно но и во соработка со РСБСП, има реализирано околу 100 превентивно едукативни кампањи за побезбеден сообраќај насочени кон потребата од користење зимска опрема, некористење мобилни телефони, паркирај совесно, стави појас, безбедно со трактор, а посебни едукативни програми се реализирале  за најмладите учесници во сообраќајот, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Македонија

Денес се чествува 83 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ

Објавено пред

на

Денес се чествува 83 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Историја

По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.

И пред 11 октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, на 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентотМане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец.

Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани,распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.

Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.

Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од Смилево, мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.

Дејствија има и во Кумановско. На 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14 октомври, а Козјачкиот одред – на 17 октомври.

Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.

Прочитај повеќе...

Македонија

На малопродажните објекти авто-плинот со нова покачена цена за литар

Објавено пред

на

©porta.mk

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес се продава со покачена цена за литар, односно цената е зголемена за 2,5 денари.

Имено како што знаеме ова гориво не е под Регулаторна комисија за енергетика, така што истата зависи од малопродажните објекти (бензински станици).

На малопродажните објекти денес авто-гасот се продава по цена од 44,00 ден/лит, додека во пракса на некои од малопродажните објекти се продава по цена од 43,50 ден/лит.

Претходно последна промена на ова погонско гориво бележиме летово на 21-ви јуни каде цената се намалила за 2,5 ден и истото чинело 41,50 ден/лит

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“

Објавено пред

на

Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“. Притоа, полициски службеници, ја посетија детската градинка „Росица“ и низ интерактивен пристап, на 65 дечиња од предшколска возраст, им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот.

Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Театар11 часа

Во четврток во Кичево и Гостивар доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“ со премиерата „Ја Мишките“

Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнуваат својата голема турнеја, а покрај сите градови доаѓаат во...

Хороскоп21 час

Хороскоп за сабота (12 октомври)

ОВЕН Заробени сте во вител на комплексни енергии кои се на патот на вашиот напредок во животот. Тие можат да...

Спорт1 ден

(ГАЛЕРИЈА) „Четири од четири“ за екипата на ФК „Кичево“ која денес оствари убедлива победа во Ресен против екипата на ФК „Преспа“

Празничниот ден го заокружуваме со многу фудбал, односно нашата екипа ФК „Кичево“ во рамките на четвртото коло од регионалната лига...

Магазин1 ден

Јапонија ги добива првите USB4 2.0 кабли во светот, со неверојатни брзини

Неодамна беше лансиран стандардот USB4, кој донесе брзина на пренос на податоци до 40 Gbps, но сега и ова е...

Магазин1 ден

Револуција за гејмерите на Android: игрите на Xbox директно во апликацијата од ноември

Почнувајќи од ноември, корисниците на Android ќе можат да купуваат и да играат игри на Xbox директно преку апликацијата Xbox . Веста доаѓа откако...

Магазин1 ден

TikTok најави отпуштања

Платформата за социјални медиуми TikTok во кинеска сопственост отпушта вработени како дел од ремонт на операциите за модерирање на содржината....

Магазин1 ден

OpenAI има кредитна линија од 4 милијарди долари и финансирање од 6,6 милијарди долари

Ова финансирање треба да го одржи ChatGPT. ChatGPT е исклучително скап за одржување OpenAI мора да има пристап до голема...

Магазин1 ден

Samsung објави нов премиум Chromebook со поголем екран

Помина околу една година откако Google за прв пат ја објави својата иницијатива Chromebook Plus, хардвер од повисоко ниво кој...

Автомобили1 ден

Tesla го повлекува Cybertruck по петти пат

Tesla ќе го реши проблемот преку далечинско ажурирање на софтверот. Tesla повторно повлече над 27.000 сајбер камиони . Ова е петти...

Автомобили1 ден

Европски земји со најстроги казни за брзо возење

Терминот „тешка нога“ се однесува на возачи кои имаат навика да возат многу побрзо од дозволената брзина и тие се...

НАЈЧИТАНИ