Следете не

Скопје

СВР Скопје изрече 122 санкции, од нив дури 18 возеле без возачка дозвола

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, осум за возење повеќе од дозволената брзина, три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за неприписно престројување на возила, 30 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – известуваат од МВР

Скопје

Поради недоразбирање во сообраќај кај Бит Пазар, физички се пресметале, едниот пукал со огнено оружје

Објавено пред

на

©porta.mk

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал.

Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.

Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР за јавноста.

Прочитај повеќе...

Скопје

Изменет сообраќаен режим во Скопје, следни четири дена на овие локации

Објавено пред

на

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово

Објавено пред

на

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја.

Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура3 часа

Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка

Денес се одбележува споменот на Преподобната маченичка Параскева, која во народот е позната и како Света Петка. Таа е родена...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за петок (8 август)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Македонија19 часа

РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, Регионалниот центар Запад, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, ПО...

Македонија23 часа

МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело...

Автомобили1 ден

Ford открива повеќе за новите буџетски возила

Најавата доаѓа со големи очекувања • Ford ќе открие повеќе информации за своите претстојни евтини електрични возила на настан што...

Lifestyle1 ден

Пет додатоци во исхраната што никогаш не треба да ги земате со кафе

Навиката со утринското кафе може да ја намали ефикасноста на суплементите За многу луѓе, денот не може да започне без...

Автомобили1 ден

Mercedes G-класата собори рекорд: произведен 600.000 примерок

Легендата продолжува Веќе 46 години, Mercedes-Benz G-класата е симбол на луксуз, моќ и трајност. Позната по својот карактеристичен „кубен“ дизајн...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (7 август)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Спорт2 дена

Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал

Во „Куќата на фудбалот“ официјално беше претставен ВАР системот, кој првпат ќе се користи во историјата на македонскиот фудбал, почнувајќи...

Македонија2 дена

МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините

Министерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски...

НАЈЧИТАНИ