Скопје
СВР Скопје со 170 санкции во вчерашниот ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 34 санкции, 21 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од Министерството за внатрешни работи
Скопје
МВР поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43) и З.С.(59), како и против правно лице со седиште во Трубарево за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Првопријавениот и второпријавената, како соизвршители, постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на прописите за заштита на животната средина вршеле повеќекратно оставање, фрлање, собирање и транспортирање на една или повеќе поврзани пратки од отпадоци и остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии и акумулатори и отпадни тонери, како опасен отпад. Отпадот го складирале на катастарска парцела во Трубарево и со тоа предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата и воздухот односно предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери. Третиот пријавен е овластено лице – раководител на подружница кој постапувал по насоките на првиот осомничен и ги распоредувал работните задачи на вработените при складирањето и обработката на електричниот отпад. Четвртиот пријавен, иако немал формален акт за засновање на работен однос во правниот субјект, сепак преземал дејствија со кои го организирал понатамошното одлагање на електронскиот отпад. Тој го примал, складирал, сортирал и механички обработувал и електричниот отпад надвор од објектите за кои била издадена дозвола за управување со отпад.
На 13 септември, објектот со непрописно складиран отпад се запалил. Поради обемот и опасноста, пожарот не можел да се стави под контрола и зафатил најголем дел од складираниот електричен отпад како и објектите на подружницата за рециклирање.
Согорувањето предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух. Како последица на тоа, со извршените мерења на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РС Македонија и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост, информира МВР.
Скопје
Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет

На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје. Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот.
Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет. Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, известува МВР.
Скопје
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, објави видео-снимка на која се гледа моментот кога е подметнат пожарот во сервисот за автомобили во населбата Пинтија, кој утрово целосно изгоре. На материјалот јасно се забележува човек со качулка како прескокнува ограда, истура гориво врз паркирани возила и предизвикува силна експлозија, по што пламените за кратко време го зафаќаат целиот објект.
Пожарот избувнал нешто пред четири часот наутро, во близина на Стаклара, на местото познато како Каменик. Поради големата количина на возила и запаливи материи во сервисот, огнот се проширил со огромна брзина. Скопската Противпожарна бригада интервенирала со осум возила и успеала да ја стави ситуацијата под контрола до шест часот.
Дирекцијата за заштита и спасување потврди дека, иако нема повредени лица, материјалната штета е сериозна и се проценува на значителна вредност.
Објавувањето на видеото отвора нов правец во истрагата, бидејќи станува јасно дека пожарот не е случаен, туку намерно предизвикан. Полицијата интензивно работи на откривање на идентитетот на осомничениот што се гледа на снимката.
-
Кичево11 часа
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Музика2 дена
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Скопје14 часа
Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет
-
Временска прогноза15 часа
Следната седмица вистинска промена на времето
-
Временска прогноза2 дена
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд
-
Магазин2 дена
Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за петок (19 септември)