Следете не

Скопје

СВР Скопје вчера изрече 31 санкција, дури 27 од нив се за без возачка

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 27 мерки за возење без возачка дозвола, четири мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 13 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, 12 санкции за користење мобилен телефон, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

/МВР

Скопје

МВР приведе жена од Скопје, бидејќи истата ги принудувала своите малолетни деца да питачат

Објавено пред

на

На 27.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје,  полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат.

Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците,  а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Извор: МВР / Дневен билтен за медиуми

Прочитај повеќе...

Скопје

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим во следниве реони поради „ИТ трка“

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.09.2022 (недела), со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка.

Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Прочитај повеќе...

Скопје

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, старица оштетена со 7260 евра

Објавено пред

на

На 23.09.2022 во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице за сума од 7.260 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на домашниот телефон и се претставило дека е од полиција и дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа во која починало дете, а доколку му даде пари ќе може да помогне да не оди во затвор.

Како што е пријавено, тие се договориле, а откако му ги дала парите лицето заминало и не се јавило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот..

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт12 минути

Сејдини и првиот човек на ФИФА Инфантино продолжуваат со беспрекорна соработка за доброто на фудбалот

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се сретна со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш...

Спорт7 часа

Катерина Милевска дел од врвна програма на ФИФА под менторство на селекторот на САД, нашиот македонец г-дин Влатко Андоновски

Нашата селекторка на македонската женска репрезентација до 17 години, Катерина Милеска е дел од програмата на ФИФА и учесник во...

На денешен ден7 часа

30 септември – На денешен ден

1399.- Основачот на англиската династија Ланкастер, Хенри Болингброук (Хенри Болингброук) стана крал Хенри IV, ден по абдикацијата на Ричард II...

Хороскоп9 часа

Викенд Хороскоп за петок (30 септември)

ОВЕН Доколку имате деца, денес ќе сакате да ги разгалете. Сепак на крајот на краиштата работите за денови како што...

Временска прогноза13 часа

Значителен пад на температурите и дождови, еве за кога се најавите..

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до...

Македонија14 часа

ЦУК: Армиската единица ја продолжува потрагата по возачот на возилото кое пред два дена излета во река Вардар кај Желино

Во моментов според последните добиени информации од терен екипи од ДЗС Тетово со тимовите за нуркање се повлекле со кординација...

Балкан14 часа

Во голема координирана акција сузбиена организирана криминална група која криумчарела хероин во Хрватска, приведени три лица

Денеска (29.09.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи,...

Спорт14 часа

ФФМ распишува конкурс за тренерски курсеви во различни нивоа за лиценци

Македонската фудбалска федерација во рамките на својот едукативен центар е во активна изработка на детален годишен план за курсеви за...

Магазин17 часа

Google Maps: искусете места на кои никогаш не сте биле

Google Maps често објавува нови функции со цел да ги направи корисниците повеќе заинтересирани за дигитални мапи. Еден од најновите...

Видео21 час

Што може да преживее Apple Watch Ultra? ВИДЕО

Јутјуберот TechRax го стави првиот издржлив часовник на Apple – Watch Ultra – на неговиот екстремен тест за издржливост. Apple...

НАЈЧИТАНИ