Следете не

Скопје

СВР Скопје викендов изрече 217 мерки, 76 од нив за брзина – 33 за возење под дејство на алкохол

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 33 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење на сигурносен појас, 29 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

/МВР

Скопје

Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар

Објавено пред

на

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар. Имено денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле.

По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.

Прочитај повеќе...

Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (26.03.2023), со почеток во 10.00 часот поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.

Рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св. Пантелејмон и обратно.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот

Прочитај повеќе...

Скопје

(ВИДЕО+ФОТО) Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово.

Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите.

По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на  местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот.

Министерството за внатрешни работи во координација со надлежното јавно обвинителство презема дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза4 часа

Временска прогноза за од понеделник, ова сигурно не се очекуваше..

Под влијание на влажна и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од понеделник во Македонија ќе дува умерен до ЗАСИЛЕН ветер од северен и...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за недела (2 април)

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

Скопје21 час

Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар. Имено денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“,...

Македонија23 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Новата безбедносна кампања „Стави појас“ на РСБСП и МВР денес реализирана во Битола

Денеска (01.04.2023) во Битола, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности од кампањата „Стави...

Македонија24 часа

(ФОТО) И кај скопјанец на Табановце најдени монети, ги зел од србин по карго

На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи...

Македонија1 ден

(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин

На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко...

Здравје и убавина1 ден

Следните пролетни намирници ќе ви помогнат за вишокот зимски килограми

Преку зимскиот период голем број на луѓе ја зголемуваат својата тежина, односно ставаат плус неколку зимски килограми на своето тело....

Македонија1 ден

Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во вторник, на 4 април 2023 година, од 11:45 часот до...

Хороскоп2 дена

Месечен Хороскоп (април 2023)

ОВЕН Овновите се многу посветени на парите во текот на април. Сè што може да ви донесе добра заработка, наоѓате...

Хроника2 дена

Ненадејно почина Д-р Горан Ѓошев од академијата на млади фудбалери од ФФМ

Лоша вест го потресе македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија објави дека почина медицинското лице задолжено за фудбалерите во Академијата...

НАЈЧИТАНИ