Следете не

Свет

СЗО предупредува: Европа е повторно епицентар на пандемијата, со уште половина милион мртви до февруари

Објавено пред

на

Европа повторно е епицентар на пандемијата Ковид 19, предупредува Светската здравствена организација бидејќи расте бројот на нови случаи на континентот. Здравствените власти предупредуваат дека овој бран може да доведе до голем број смртни случаи и ја обвинуваат моменталната состојба за недоволна употреба на вакцини и мерки.

Шефот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција изјави дека до крајот на февруари на европскиот континент може да има уште половина милион смртни случаи, пренесува BBC.

За растот на бројките ја обвини недоволната употреба на вакцини и ублажувањето на превентивните мерки.

„Мораме да ја промениме тактиката, од реакција на брановите Ковид 19 до спречување тие воопшто да се случат“, посочува Клуге.

Стапката на вакцинација е забавена низ целиот континент. Додека околу 80 проценти од луѓето во Шпанија примиле две дози, во Франција и Германија процентот е помал – 68 проценти и 66 проценти – а во некои земји од Централна и Источна Европа уште помал. До октомври, само 32 отсто од руските граѓани беа целосно вакцинирани.

Досега, СЗО има регистрирано 1,4 милиони смртни случаи низ целиот регион.

Техничката шефица на СЗО за ковид 19, Марија ван Керков, вели дека во изминатите четири недели, случаите низ Европа се зголемени за над 55 отсто и покрај обилните залихи на вакцини и други средства, а нејзиниот колега д-р Мајк Рајан истакнува дека европското искуство е „предупредување до светот“.

Извор: RTS
Фото: Unsplash

Свет

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Објавено пред

на

©porta.mk

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.

„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.

„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.

Прочитај повеќе...

Свет

Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Bryan Angelo

Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.

Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.

Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:

– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“

Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com

Извор: aboutamazon.com

Прочитај повеќе...

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Без категорија4 минути

Жолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме

Денеска 21-ви ноември (петок), целата територијата на Република Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи...

Хороскоп1 час

Хороскоп за петок (21 ноември)

ОВЕН Денес може да донесете конечна одлука за вашата деловна иднина. Пред вас е добар ден. Се чувствувате се поосамено...

Македонија8 часа

Државниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар,...

Временска прогноза10 часа

Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите

Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни...

Спорт10 часа

Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада

Во централата на ФИФА во Цирих денес беше одржана ждрепката за европскиот плејоф за пласман на Светското првенство 2026. Македонската...

Кичево14 часа

ЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“

Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенираа на повеќе критични локации низ...

Здравје и убавина14 часа

Ова е најдоброто време за ручек

Според резултатите едно поодамнешно истражување објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition, за поуспешно намалување на телесната тежина препорачливо...

На денешен ден23 часа

Светот на денешен ден (20 ноември)

1531 – Капелскиот мировен договор ја утврдува конфесионалната поделба на Швајцарија. 1780 – Велика Британија објави војна на Холандија поради...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (20 ноември)

ОВЕН За да го привлече вашето внимание, некој упорно ќе ги извртува работите надвор од контекст. Ако нешто ви изгледа...

Магазин1 ден

Порака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!

Кога ќе видите дека брзата помош се движи бавно, иако со вклучени сирени, тоа не значи дека возачот се шегува....

НАЈЧИТАНИ