Хроника
ТАГА ДО НЕБОТО: Почина српскиот кошаркар Стеван Јеловац, имаше само 32 години

Српскиот кошаркар Стеван Јеловац почина како последица на мозочен удар, потврди грчкиот АЕК. Јеловац доживеа мозочен удар на 14 ноември на тренинг на грчкиот тим, пренесува Н1.
Набргу потоа се огласи и АЕК, кој истакна дека состојбата на српскиот играч е стабилна, но се уште критична. Јеловац пред неколку дена беше префрлен во Србија, на барање на неговото семејство.
Јеловац летово пристигна во грчки АЕК, а претходно сезоната ја мина во Јапонија.
Тој почина како последица на мозочен удар, потврди грчкиот АЕК. Го носеше дресот на Мега, Црвена Звезда, Анталија, Касерта, Сарагоса, Ритас, Нижни, Бамберг, Газиантеп.
За српската репрезентација дебитираше на 28 години и одигра 11 натпревари. Тој ја имаше најзабележливата улога во националниот дрес во квалификациите за СП 2019 година.
Стеван Јеловац е роден 1989 година во Нови Сад.
Пријателите и познаниците се простуваат од големата кошаркарска надеж, која прерано го напушти овој свет!
Почивај во мир!
Rest In Peace, Stevan Jelovac https://t.co/BbVh7AU2Jq
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) December 5, 2021
Basket Zaragoza se une el dolor por el fallecimiento de Stevan Jelovac, comunicado de manera oficial por el @aekbcgr.
🖤 Descansa en paz, Steve.
— Casademont Zaragoza (@CasademontZGZ) December 5, 2021
La acb y todos sus clubes se unen al dolor por el fallecimiento de Stevan Jelovac.
El más sentido pésame a la familia y amigos de un jugador que defendió los colores de @CasademontZGZ y que recordaremos siempre.
Descansa en paz, Stevan. pic.twitter.com/cTyEUqM6Gs
— Liga Endesa (@ACBCOM) December 5, 2021
We are at a loss for words! RIP and all the best on your last journey! Show them up there how to play basketball! #brosefamily pic.twitter.com/92tJPjCrSp
— Brose Bamberg (@BroseBamberg) December 5, 2021
🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼 R.I.P 😢😢😢 https://t.co/hPKS7OMUHx
— Goran Dragić (@Goran_Dragic) December 5, 2021
Damn 🥴 RIP 🙏🏻 https://t.co/rYA4KAuitd
— Petteri Koponen (@KoponenPetteri) December 5, 2021
RIP! Gone way too soon! https://t.co/XGFOiUZB7Z
— Matt Lojeski (@lojokid10) December 5, 2021
ФОТО: eurohoops.net
Хроника
Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите

На 09.08.2022 година во 14.10 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, пронајден е човечки труп.
Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, за Порта известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Според информациите до кои дојде нашиот портал, активни на висина на задачата на терен биле и ТППЕ Кичево пружувајќи соодветна помош на службите.
Хроника
Трагична сообраќајка утрово се случила на превој Стража кај „Тајмишка раскрсница“, едно лице го загуби животот

На 08.08.2022 во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.
На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.
Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје. Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи, за Порта известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Повеќе фотографии ќе најдете на „Слободен Печат“ – ТУКА
Хроника
Несреќа во Македонски Брод, багер паднал во провалија, машинистот починал на самото место

На 15.07.2022 во 11.08 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во месноста викана “Долна ричка“, С.С.(65) од Куманово, при изведување градежни работи, односно управувајќи со работна машина “багер“ паднал во провалија и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
За медиумите известува Министерството за внатрешни работи
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Да му помогнеме на семејството Митески од Кичево да го возобнови домот кој изгоре до темел во страшен пожар, трагедија која го потресе градот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 август)
-
Хороскоп17 часа
Дневен Хороскоп (17 август) – среда
-
Македонија10 часа
По речиси три месеци од денес авто-плинот со драстично намалена цена за литар
-
Скопје21 час
Лишена од слобода жената која денес одзеде дете во Скопје, по брза постапка ќе и се суди пред надлежен судија
-
Временска прогноза21 час
На повидок нов топлотен бран, температури некаде и до 40 степени – ова се најновите метео информации
-
Кичево23 минути
ОВР Кичево: „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“ денес помеѓу граѓаните
-
Магазин6 часа
Apple го наоѓа својот следен голем бизнис: прикажување реклами на вашиот iPhone