Следете не

Хроника

Тага, незаборав и горчина, денес се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“, каде загинаа 45 лица од Македонија

Објавено пред

на

printscreen/official video

Токму денес се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Автобус на македонска транспортна компанија утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца.

Незаборав, тага и многу прашања без одговори. Кобното утро 23 ноември, 2021-та година остави црна трага кај десетици семејства кои ги загубија најблиските во автобусот. По две години сеќавањата се свежи, а болката уште поголема.

Царство небесно, нека почиваат во мир!

Хроника

Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид

Објавено пред

на

©porta.mk

На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Хроника

Едногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале

Објавено пред

на

©porta.mk

На 23.11.2025 во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало.

Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, за медиумите утрово соопшти портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

На одделот за детски болести при нашата Општа Болница вчера околу 22ч е донесено 20-месечно бебе, во многу тешка здравствена состојба. Во агонија, во мнолентност, со централна и периферна цијаноза. Веднаш по приемот дежурниот лекар ги направил сите потребни тераписки модалитети што можат да се дадат, направена е реанимација, меѓутоа за жал бебето по кратко време починало во одделението, за медиумите истакна директорката на Општата Болница, г-ѓа Маја Цветановска-Трајкоска

Прочитај повеќе...

Хроника

Д-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот

Објавено пред

на

ФОТО: porta.mk (архива)

Две лица го загубија животот, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман, информира Основното јавно обвинителство Прилеп.

Според првичните информации, несреќата се случила при обид за претекнување, кога дошло до судир меѓу две возила што се движеле во иста насока. Едно од загинатите лица е возачот на едното возило.

На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за собирање траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува дали имал присуство на алкохол или други психоактивни супстанции.

Од обвинителството нагласуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно утврдување на причините за тешката несреќа во која животот го загубија две лица, а петмина се здобија со сериозни повреди.

Д-р Ненад Лазаров ТУКА на социјалните мрежи објави дека бил сведок на трагичниот настан, каде своевремено и помагал. За јавноста тој истакна и упати порака за поголемо внимание во сообраќајот, бидејќи она што го видел и бил сведок – не го видел за својата 15 годишна кариера како Доктор.

Сите молитви се кон останатите учесници во сообраќајката, да останат живи и здрави.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза39 минути

Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима

Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево...

На денешен ден8 часа

Времеплов: На денешен ден (1 декември)

На денешен ден 1 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп11 часа

Месечен Хороскоп (декември 2025)

ОВЕН Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои...

Здравје и убавина12 часа

Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо

Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува...

Здравје и убавина13 часа

Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши

Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително...

Кичево19 часа

(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“

Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево...

Македонија20 часа

Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (30 ноември)

ОВЕН Вложувате големи напори за да постигнете позитивни резултати во деловното изразување, но има редослед на настани што ги нарушуваат...

Спорт2 дена

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското...

Спорт2 дена

(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен

Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од...

НАЈЧИТАНИ