Временска прогноза
Температурите ќе паднат, додека времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди

До крајот на денешниот ден, како и утре (петок) како што и најавивме ќе имаме позначителен пад на температурите на воздухот, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, особено во западните предели.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието до крајот на денов повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, до крајот на денов повремено умерен ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува исто така до околу 22 степени.
Временска прогноза
Следи целосно разведрување, но ќе биде многу ладно – ова се сите актуелни метео информации

Денес (19.2.2025 среда) од пладневните и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, особено Во Повардарието и со брзина локално и повремено од над 60 км/час.
Температурите преку денов на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а само во југоисточните предели тие ќе надминат за некој степен над 5 степени. Сепак, да напоменам дека понекаде, особено на повисоките населени места, планините, секако и Скијачките центри температурите и преку денов ќе бидат негативни, односно под нулата.
И во Скопје во текот на денов ќе настапи целосно расведрување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Од крајот на денов и во вечерните часови, кон утрешниот ден (четврток 20 февруари) температурите ќе бидат уште пониски од сега, што значи ќе имаме исклучително ладно време со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу -10 степени, локално и под -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако Скијачките центри температурите ќе се спуштат до близу -15 степени, а не се исклучува можноста тие да се спуштат и под -15 степени, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести

Под влијание на нов поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени.
Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.
Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.
Токму поради овој продор на поларниот воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски

Од ноќта кон понеделкник, како и во понеделник (17 февруари) влажен и ладен бран од север ќе ја зафати територијата на Република Македонија кој ќе услови повремени врнежи, кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд и особено во северозападните и во северните предели повремено ќе преминуваат во врнежи од снег. На повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег, каде снежната покривка ќе се прошири и зголеми.
Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината со овој бран ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе врне снег, а повремено врнежи од дожд и снег, или влажен снег ќе има и во повисоките делови од котлината, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, во понеделник (17 февруари) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени, додека во текот на денот тие ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имаме викендов, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.
Во Скопје во понеделник (17 февруари) температурата ќе се искачи до околу 5 степени, пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (20 февруари)
-
Култура22 часа
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Автомобили1 ден
Овие половни автомобили значително поскапеа – дали возите еден од нив?
-
Македонија1 ден
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево
-
Свет1 ден
Научниците предупредуваат: Глобалното топење на глечерите се забрзува
-
Магазин4 часа
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Магазин1 ден
GTA 6 – Најочекуваната игра во историјата: Кога ќе се појави во продажба?