Следете не

Технологија

Тему, глобална компанија за е-трговија која што ги поврзува потрошувачите со милиони комерцијални партнери

Објавено пред

на

Temu особено сериозно ја сфаќа безбедноста на производите и продолжува интензивно да вложува во зајакнување на својот тим за доверба и безбедност.

Значително ја проширивме нашата програма што обезбедува квалитет, зголемувајќи го тестирањето на производите преку продлабочена соработка со компании што се глобални лидери на полето на тестирањето и усогласеноста, вклучувајќи ги TÜV SÜD, TÜV Rheinland, SGS and Bureau Veritas.

За Temu:

Temu е глобална компанија за е-трговија која што ги поврзува потрошувачите со милиони комерцијални партнери, производители и брендови, со цел да им овозможи подобар живот. Temu е посветен на овозможување достапни производи по достапни цени, за потрошувачите и комерцијалните партнери да можат да ги остварат своите соништа во иклузивно опкружување.

Temu е основан во САД во септември 2022 година и денес е достапен на повеќе од 80 пазари ширум светот.

/PR

Магазин

Pinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација

Објавено пред

на

Фото: Dima Solomin @ unsplash
Фото: Dima Solomin @ unsplash

Pinterest ја претстави новата функција Pinterest Assistant – дигитален асистент со вештачка интелигенција кој им помага на корисниците полесно да откријат идеи за облека, мебел и други инспиративни стилови преку апликацијата. Овој асистент ги користи податоците од активноста на корисниците – зачувани пинови, табли и пребарувања – за да понуди персонализирани препораки што одговараат на нивниот вкус и естетика.

Асистент што го разбира вкусот на корисникот

За разлика од класичното пребарување, кое бара прецизно внесени поими, Pinterest Assistant е создаден да разбере описни и разговорни барања. На пример, ако напишете „перници што одговараат на мојата дневна соба“, асистентот ќе ги анализира вашите постоечки пинови и ќе ви предложи идеи што се совпаѓаат со вашиот стил – како да имате личен декоратор во апликацијата.

Асистентот поддржува и гласовно пребарување, овозможувајќи им на корисниците да зборуваат наместо да пишуваат. Вештачката интелигенција потоа го анализира аудиото и го поврзува со визуелна содржина за да прикаже најрелевантни резултати – приближувајќи го процесот на откривање инспирација кон реалното искуство на купување и дизајнирање.

Решение за натрупаната вештачка содржина

Pinterest ја претставува оваа функција во момент кога корисниците се жалат на зголемената количина слики создадени од вештачка интелигенција. За да го намали тоа, платформата веќе воведе означување на ваквата содржина, како и опција за прилагодување на количината што ја гледате. Pinterest Assistant, иако не е директен филтер, може да помогне на оние што сакаат поавтентични и реални резултати.

Асистентот е моментално достапен во бета верзија во САД за корисници над 18 години, а поширокото воведување се очекува во следните недели и месеци.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Магазин

Вашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

WhatsApp воведува нова безбедносна функција што им овозможува на корисниците целосна заштита од спам и потенцијални измами. Новата опција, наречена „Strict Account Settings“, е моментално во тест фаза за Android и iOS, а наскоро ќе биде достапна за сите.

Функцијата делува како „екстремна заштита“, овозможувајќи целосно блокирање на линкови, фотографии, видеа и повици од непознати контакти. Со тоа, се ограничува пристапот до чувствителни поставки на сметката, што ја прави апликацијата речиси непробојна за напаѓачи и измамници.

Според описот на WhatsApp, новата опција е првенствено наменета за корисници кои се под активен напад или чиј број и уред биле компромитирани.

Сепак, и за секојдневните корисници функцијата може да биде корисна – особено за елиминирање на спам пораките и несаканите групни разговори. „Строгите поставки на сметката“ можат да се комбинираат со другите безбедносни алатки, како што се Advanced Security Tools на Android или Stolen Device Protection на iPhone, за уште посилна заштита.

WhatsApp ја тестира оваа функција веќе неколку недели, а нејзиното јавна објава се очекува во наредниот период.

Извор: Blic

Прочитај повеќе...

Магазин

YouTube наградува лајкови со забавни анимации

Објавено пред

на

Фото: Azamat E @ unsplash
Фото: Azamat E @ unsplash

ouTube воведе нова интерактивна функција – копчето „Ми се допаѓа“ сега може да ве награди со кратка, забавна анимација секогаш кога ќе лајкувате одредено видео.

Оваа функција беше најавена уште во средината на октомври како дел од серија ажурирања на интерфејсот на платформата, чија цел е подобро и поинтерактивно корисничко искуство.

20 различни анимации според жанрот на видеото

Моментално се достапни околу 20 различни анимации, прилагодени на жанрот на видеото што го гледате.

  • Ако е во прашање автомобилско или тркачко видео, копчето „Ми се допаѓа“ ќе се претвори во вртечка гума со чад.

  • Кај едукативните видеа, иконата накратко станува сијалица, симбол на нова идеја.

  • За видеа со кучиња и мачки, има посебни анимации со животинска тема — иако засега нема ништо за видеа со бебиња.

Корисникот Андреас Сторм на платформата X (порано Twitter) сподели две кратки видеа во кои се прикажани сите 20 анимации, што беше забележано и од Android Authority.

Новата функција е уште еден обид на YouTube да ги поттикне корисниците на поголема интеракција и да внесе дополнителна забава во секојдневното користење на платформата.

Извор: TheVerge

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавина1 час

Ако ви недостасуваат протеини, овие намирници се вистинското решение за вас

Активниот и здрав начин на живот тешко може да се замисли без доволно протеини. Но, дали навистина знаете кои намирници...

Спорт3 часа

(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите...

Македонија4 часа

Поради сообраќајка прекин во сообраќај кај Валандово

Од 16:50 ч. сообраќајот на регионалниот пат Р1105 с. Удово – Валандово е во прекин поради сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ. Од...

Спорт11 часа

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија. Првиот меч заврши...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (16 ноември)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Скопје1 ден

ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани...

Временска прогноза1 ден

Од вторник следува промена на времето во Македонија

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од...

Спорт1 ден

Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации

Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (15 ноември)

ОВЕН Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и...

Спорт2 дена

ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија

На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против...

НАЈЧИТАНИ