Следете не

Спорт

Тенис: Фриц и Меншик во осминафиналето на Мајами

Објавено пред

на

Светскиот рекет број четири, Американецот Тејлор Фриц се пласираше во осминафиналето на Мајами опен откако вечерва го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:5, 6:3 во директни сетови. Победата над 28. играч на АТП листата ја оствари по час и 21 минута.

Во осминафиналето Фриц ќе игра против Австралиецот Адам Волтон. Пласман во осминафиналето обезбеди и Чехот Јакуб Меншик кој по два сета го совлада Русинот Роман Сафиулин со 6:4, 6:4.

Меншик, кој се наоѓа на 54. место во светот, по час и 14 минути го победи 71. играч на АТП листата. Тој во осминафиналето ќе игра против сонародникот Томаш Махач.

Спорт

Велс спаси жива глава во Скопје, реми на вечерашниот дуел против Македонија во второто коло од квалификациите за СП2026

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалот е повеќе од игра. Вечерашниот меч Македонија против Велс заврши без победник. Бојан Миовски ни донесе водство во 91-та минута, за на крај во финишот на мечот, речиси во последната секунда – Дејвид Брукс да ја замолкне среќата и да израмни на 1:1.

Прес конференција:

Крек Белами:

Може да испадне дека ова беше драгоцен поен на крај, спрема играта мислам 3 поени ќе беа повеќе од доволно, но ова е меѓународен фудбал имавме претходно добри резултати, последните минути не сакав воопшто да гледам во семафорот. 

Благоја Милевски:

– Неможам да не бидам задоволен имавме сериозен противник, се работи за играчи кои се во премиер лига, .. како тим, видовте и самите дека противникот е агресивен на највисоко ниво, но од друга страна нашите фудбалери покажаа од собир во собир дека напредуваат..

Мислам дека уште од некој фактор плус ни фали за да бидеме над топ репрезентации. Мораме да останеме фокусирани до крај, жалиме за 2 бода но најреално е реми.

Кога ке се земат сите околности од самиот почеток неможам а да не бидам презадоволен од односот од реакцијата на фудбалерите и од карактерот нивни, како личности и како фудбалери на терен, така да, немам ни најмала замерка за било кој од фудбалерите. 4 бодови мислам дека да ни ги понудеше некој пред ќе бевме задоволни но остана горчината за начинот кој не зедовме уште 2, за медиумите заврши Милевски

Инаку, македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви во несреќата во Кочани запирајќи ја играта, а тоа публиката го аплаудираше на натпреварот со Велс точно во 59-тата минута.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската репрезентација по првото полувреме 0:0 против Велс

Објавено пред

на

По првите 45 минути македонската фудбалска репрезентација одигра 0:0 со Велс. Одлична атмосфера владее на градски, фали само гол. Во првиот дел исто така бележиме една зрела шанса каде можеше да се проигра Миовски, но без успех.

Тврд меч, со неколку фаули, жолт картон заработи и селекторот на нашата репрезентација поради приговор.

Во второто полувреме Милевски веројатно ќе го засили нападот со Трајковски и Чурлинов, кои останаа на клупата. Нашите статистики од терен се дека можеме до победа!

Напред Македонија!

 

Прочитај повеќе...

Спорт

Пред вечерашниот меч, на денешната седница на УО при ФФМ донесени низа одлуки, меѓунив изгласан е нов генерален секретар – Леонид Јандреоски

Објавено пред

на

Секој клуб од Прва МФЛ ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема. На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.

Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).

Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.

– Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот за назначување на Генерален секретар на ФФМ.

Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години.

Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.

Работно искуство има во реномираната компанија А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Од Порта.мк упатуваме честитки и успешна работа!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт7 часа

Велс спаси жива глава во Скопје, реми на вечерашниот дуел против Македонија во второто коло од квалификациите за СП2026

Фудбалот е повеќе од игра. Вечерашниот меч Македонија против Велс заврши без победник. Бојан Миовски ни донесе водство во 91-та...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за среда (26 март)

ОВЕН Вашата посветеност на работата на крај ќе се исплати. Може да очекувате поволен период на ова поле. Јавно покажувате...

Спорт9 часа

Македонската репрезентација по првото полувреме 0:0 против Велс

По првите 45 минути македонската фудбалска репрезентација одигра 0:0 со Велс. Одлична атмосфера владее на градски, фали само гол. Во...

Спорт16 часа

Пред вечерашниот меч, на денешната седница на УО при ФФМ донесени низа одлуки, меѓунив изгласан е нов генерален секретар – Леонид Јандреоски

Секој клуб од Прва МФЛ ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема. На денешната седница на Управниот одбор на...

Македонија19 часа

Уште еден регистриран на радар со 104 км/ч, каде по пропис е 40 дозволено!

На 24.03.2025 во 11.30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на...

Скопје19 часа

Пронајдени шест мигранти-заложници, има приведени

По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско,...

Lifestyle20 часа

Што да направите ако најдете напуштено кученце или маче?

Секоја година бројни кученца и мачиња остануваат без своите мајки во првите денови од животот. Ветеринарот д-р Иван Бутковиќ од...

Lifestyle20 часа

Кардиолог предупредува: Оваа навика е поштетна од пушењето

Експертите сè почесто укажуваат на секојдневните навики што сериозно можат да го загрозат здравјето, а многумина не се ни свесни...

Магазин20 часа

iOS 18.4 воведува стандарден избор на навигациски апликации, но само во Европа

Следната верзија на iOS 18.4 ќе им овозможи на корисниците во Европската унија да постават стандарден навигациски софтвер, што значи...

Магазин20 часа

YouTube воведува прилагодување на звукот, но можеби само за Premium корисници

Кодот во тест верзијата на апликацијата открива дека YouTube планира да воведе опции за прилагодување на квалитетот на звукот, вклучувајќи...

НАЈЧИТАНИ