Кичево
Вечерва тешка сообраќајка се случила кај с.Колибари кичевско, бил прегазен пешак

Пред нешто повеќе од половина час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат во близина на с.Колибари кичевско, на раскрсницата, каде според очевидците до кои дојдовме до информација, неофицијално бил прегазен пешак жител на истото село од пмв марка Рено со кичевски регистарски ознаки.
– На терен е излезен дежурен Јавен Обвинител, додека Полициски екипи на ОВР Кичево вршат увид. На местото од трагичниот настан веднаш интервенирала Медицинска екипа, но на помош била повикана и екипа на ТППЕ Кичево.
– Обновено инфо: Пешакот починал, додека телото на истиот по наредба на Јавен Обвинител е дадено на обдукција.
Дополнителни информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми во текот на денешниот ден од СВР Охрид.
– Полицијата го потврди настанот и излезе со информации за јавноста:
На 11.02.2025 во 23.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за село Колибари, кичевско, патничко возило „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешак И.А.(66) од истото село, информираа од полицијата. Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Кичево
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот меморијален планинарски марш на планината Голјак закажан за 20 јули 2025 г. (недела)
Голјак е средновисока планина која се наоѓа во Кичевскиот Регион и ги раздвојува селата на Копачијата и селата на Бржданска (Беличка) Река, дел од масивот на Илинска и Плакенска Планина. Веливрв e највисокиот врв на оваа планина, којшто со своите 1535 метри надморска височина пружа одличен поглед на Кичевската Котлина и масивот Челоица-Песјак на исток, Баба Сач, Бушева
Планина и Лубен на југоисток, Илинска на југ, Стогово на запад, Бистра на север.
Акцијата започнува од с. Брждани, движењето се одвива по маркирана планинарска патека, која поминува низ дабова и букова шума.
Должина на патеката: 7 км (враќањето се одвива по истата патека, вкупна должината на патеката во двата правца изнесува 14 км)
Висинска разлика: 680 метри.
– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце, планинарски стапчиња.
– Доручекот е од ранец, вода 2 л. (минимум).
*На патеката на едно место има извор на вода, меѓутоа во летниот период можно е да биде пресушен.
ПРОГРАМА
06:30 ч. – собирање на учесниците во Горно Брждани (кај црквата)
06:45 ч. – старт на акцијата
09:00 ч. – пристигнување на групата кај шумската куќарка на Преслоп (1270 м.н.в.), пауза 20 мин.
09:30 ч. – поаѓање кон врвот (со попатни одмори)
11:00 ч. – пристигнување на Веливрв (1535 м.н.в.)
12:00 ч. – поаѓање за назад
15:00 ч. – пристигнување во Горно Брждани и заеднички ручек
ВАЖНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО до 16 јули 2025 (среда) со име и презиме и ЕМБГ или број на лична карта за навремено добивање дозвола за движење во шума до подрачната единица на Национални шуми.
Поради забраната за движење во шума секој непријавен, а затекнат на планина сам ја сноси одговорноста.
Лицата од планинарските клубови да достават список на учесници:
Планинарско друштво/клуб: ______________________________________________
Име и презиме / ЕМБГ /
1.
2.
3.
Датум М.П. Планинарско друштво
Доставување на пријавите на е-пошта: [email protected] или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.
Лица за контакт:
Давор 075 668 501
Мирослав 071 511 702
Зоки 077 495 232
НАПОМЕНА
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
Проследете го нивниот фејсбук настан ТУКА
/ПР – Ендорфин
Кичево
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Ќ.Т.(44) од гостиварското село Боговиње.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, за Порта извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест на нашиот празник „Петровден“, именденот на нашата кичевска православна црква Св.Петар и Павле.
Благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедност во сообраќајот, како никогаш до сега беспрекорно ја завршија својата работа, како и до сите учесници, до сите кои со своето присуство оддадоа почит кон празникот, дај боже од година за година да се збираме во уште поголем број!
Благодарност и до „City Caffe“ кој отстапија паркинг место за сите моторџии.
Дидо! 🙌
Вечна традиција!
-
Кичево1 ден
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (15 јули)
-
Кичево1 ден
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Македонија1 ден
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Временска прогноза14 часа
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?
-
Македонија1 ден
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица