Кичево
The Backdoor Band во Република 96250

Омилениот бенд на кичевската публика The Backdoor Band и оваа Сабота (25/12/2021) во Клуб Република 96250 со почеток во 21:30 часот. Facebook event.
Бидете тука и уживајте во прекрасниот амбиент и добра музика.
Тел за резервации: 078-322-615
Кичево
ОВР Кичево: „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“ денес помеѓу граѓаните

Превентивни активности на подрачјето на ОВР Кичево наменети за возачите на мотоцикли и електрични тротинети
Денеска (17.08.2022) во рамките на превентивниот проект „Безбедно лето 2022“, ОВР Кичево, во соработка со РСБСП на подрачјето на Кичево ја спроведоа превентивната кампања „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“, чија целна група беа возачите на мотоцикли и електрични тротинети, како ранлива категорија учесници во сообраќајот.
Целта на кампањата е актуелизирање на потребата од носење заштитна кацига и друга опрема заради зголемена безбедност во сообраќајот, подигање на нивото на сообраќајна култура на оваа категорија што треба да придонесе за намален број на сообраќајни незгоди и последици по мотоциклистите.
Во таа насока, полициските службеници од ОВР Кичево, на неколку сообраќајни пунктови низ градот и околината на мотоциклистите им делеа летоци со едукативни практични совети за правилно учество во сообраќајот и ги потсетија на строго придржување до сообраќајните правила и прописи.
Оваа превентивна кампања ќе се спроведува и на целото подрачје на СВР Охрид.
Кичево
GIG OFF оваа сабота во Република 96250

Повелете на извонредна Rock & Roll забава со легендарниот Сашо Гигов Гиш и неговиот бенд Gig Off. Оваа сабота – 21:00h само за вас во Република 96250.
Dj. Saso Spect, Second Floor – Петок 21:00h, Република 96250.
Резервации: 078 322 615
Кичево
(ФОТО) Да му помогнеме на семејството Митески од Кичево да го возобнови домот кој изгоре до темел во страшен пожар, трагедија која го потресе градот

Драги хумани луѓе, почитувани хумани срца од Кичево и ширум државата. Помина речиси една недела од кобниот понеделник за семејството Митески нивниот ден за одмор покрај најблиските прерасна во вистинска хорор слика откако стигна лош глас дека нивниот дом е во обрач од пламените јазици настанати од за сега непознати причини.
Мирни, чесни и вредни луѓе, секогаш спремни и солидарни према тие кои најмногу им треба, а за момент сега тие се во незамисливо најтешката ситуација во својот живот и им требаме ние.
За таа цел, апелираме до сите хумани граѓани, фирми, институции, oпштина Кичево, да застанеме рамо до рамо и заеднички да се сплотиме во рамките на можноста да помогнеме со финансиска поддршка за возобновување на нивниот единствен дом поради катастрофалната загуба, и со тоа да направиме ова семејство повторно непречено да живее во својата семејна куќа, надминувајќи ја трагедијата која го потресе градот и околината.
Во прилог ви ја доставуваме трансакциската сметка за граѓани од Македонија која е веќе активна за донации:
Број на сметка: 300007086114167
Партија: 86114141
Име Презиме: Вецко Митески
Банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Од денес и официјално е отворена електронска сметка ТУКА каде можете исто така да придонесете со донирање.
– Доколку некој сака да помогне лично и да го контактира семејството, истото може да го направи преку тел бр. 072/314-838
– Споделете!
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Да му помогнеме на семејството Митески од Кичево да го возобнови домот кој изгоре до темел во страшен пожар, трагедија која го потресе градот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 август)
-
Хороскоп17 часа
Дневен Хороскоп (17 август) – среда
-
Македонија10 часа
По речиси три месеци од денес авто-плинот со драстично намалена цена за литар
-
Скопје21 час
Лишена од слобода жената која денес одзеде дете во Скопје, по брза постапка ќе и се суди пред надлежен судија
-
Кичево32 минути
ОВР Кичево: „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“ денес помеѓу граѓаните
-
Временска прогноза21 час
На повидок нов топлотен бран, температури некаде и до 40 степени – ова се најновите метео информации
-
Магазин6 часа
Apple го наоѓа својот следен голем бизнис: прикажување реклами на вашиот iPhone