Магазин
TikTok ги негира обвинувањата: „Тоа е невозможно и нелегално“

TikTok остро ги отфрли обвинувањата дека развива алгоритам специјално за САД да избегнат забрана во земјата.
Да потсетиме, TikTok се соочува со забрана во САД доколку не го смени сопственикот, односно ако неговата американска поделба не ги остави рацете на компанијата ByteDance.
Ројтерс објави дека TikTok гради посебен алгоритам за да го заобиколи ова сценарио и дека кога тоа ќе се случи, ќе биде можно да се одвои американскиот дел „иако во моментов нема планови да го стори тоа“.
„Ова едноставно не е можно да се направи – ниту комерцијално, ниту технолошки, ниту законски“, објавија од TikTok.
Во е-пошта до порталот The Verge, TikTok изјави дека текстот на Ројтерс „не содржи точни факти“ и дека наводите за споделениот алгоритамски код се „100% лажни“. Од агенцијата, сепак, велат дека тие „стојат зад нивните зборови“.
TikTok е на тенок мраз во САД, иако 170 милиони луѓе го користат во таа земја.
Американската влада го смета алгоритмот на TikTok за „ризик за национална безбедност“ и затоа им даде рок од девет месеци, почнувајќи од 24/4 оваа година, да ги продадат своите операции во САД. TikTok веќе презеде чекори за да се обиде да го оспори ова на суд, па епилогот останува да се види.
/V-Online
Магазин
Најбрз домашен сладолед со само една состојка

Верувале или не, за овој вкусен и кремаст сладолед потребна ви е само една состојка – банана. Ова е одличен избор за оние што сакаат нешто освежително, без додаден шеќер, глутен или вештачки состојки.
Основен рецепт
Состојки:
-
2 зрели банани
Подготовка:
-
Излупете ги бананите и исечете ги на тркалца.
-
Ставете ги во сад или кеса за замрзнување и оставете ги во замрзнувач најмалку 2 часа.
-
Кога ќе се замрзнат, ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса со текстура на сладолед.
-
Послужете веднаш или вратете го сладоледот во замрзнувач уште половина до еден час за поцврста конзистенција.
Идеи за вкусови:
Доколку сакате да експериментирате, додадете некои од овие состојки во блендерот за да добиете различни варијации:
-
Кикирики вкус: 3 лажици путер од кикирики + 2 лажички мед
-
Чоко-лешник вкус: 3–4 лажици намаз од чоколадо и лешник
-
Јагодова свежина: Неколку замрзнати јагоди + 2 лажици слатка павлака (вратете го во замрзнувач за да се стегне)
-
Класично чоколадо: 3 лажици какао + 2 лажици павлака + 1 лажичка екстракт од ванила (оставете повторно да се стегне)
Овој рецепт е совршен за топли денови, кога сакате нешто брзо, здраво и домашно!
Магазин
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!

Ако барате нешто брзо, лесно и освежително за време на горештините, овој мус од малина во чаша е совршен избор. Не ви треба рерна, само неколку минути и малку фантазија за сервирање.
Потребни состојки:
-
150 г свежи или одмрзнати малини
-
40 г пастеризирани белки од јајца
Подготовка:
-
Подготовка на овошјето:
Ако користите замрзнати малини, оставете ги целосно да се одмрзнат и отстранете го вишокот течност. Потоа изблендирајте ги во мазна смеса. Доколку сакате помека текстура, процедете ги низ сито за да ги отстраните семките. -
Матење белки:
Во посебен сад изматете ги белките додека не добиете цврст снег. -
Комбинирање:
Полека соединете ги двете смеси, мешајќи со шпатула и нежни движења за да го задржите волуменот.
Послужете во чаши, а по желба декорирајте со свежо овошје, нане или малку рендана чоколада.
Извор: SD
Хороскоп
Хороскоп за вторник (24 јуни)

ОВЕН
Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста која ви се допаѓа. Ако сте во врска, задоволни сте. Избегнувајте цигари.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C
-
Автомобили4 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Магазин4 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Магазин4 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка