Балкан
Тирана протестира поради поскапувањето на горивата: поскапе за 50 отсто
Стотици луѓе протестираа во Тирана поради поскапувањето на горивото, за што владата ја обвинува војната во Украина.
Граѓаните на Тирана кои протестираат трет ден по ред вчера одржаа мирен двочасовен митинг пред Владата, а потоа се упатија кон главниот плоштад Скендербег. Полицијата ги спречи да ги блокираат улиците.
Владата на премиерот Еди Рама воведе контрола на цената на горивото и ги повика Албанците да користат помалку автомобили, откако минатата недела цените на горивото се зголемија за 50 отсто.
Во најмалку шест други градови, демонстрантите привремено ги блокираа патиштата, а имаше и судири со полицијата во кои беа приведени голем број луѓе.
Поскапувањето на горивата директно се одрази на поскапувањето на основните прехранбени производи.
Демонстрантите ја обвинуваат владата дека профитира од поскапувањата со тоа што не ги намалува акцизите. Тие го повикаа кабинетот на Рама да го следи примерот на соседните земји, кои исто така се погодени од глобалните зголемувања поради војната меѓу Русија и Украина и ги намалија акцизите за гориво за да се ублажи ударот врз потрошувачите.
Владата денеска одржа состанок со главните добавувачи на гориво во обид да ги намали цените. Одлучено е во наредните месеци маржите на добавувачите да се сведат на минимум, а цените на мало ќе се одредуваат секојдневно, а бензинските пумпи кои наплаќаат повисоки цени ќе бидат затворени.
Демонстрантите за сабота најавија протести ширум земјата.
/021.rs/
Балкан
Авион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
Турскиот авион „Ер Трактор“ се урна попладнево во близина на Сењ, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека е пронајдено телото на пилотот. Според информациите на Управата за цивилна заштита, авионот од типот „AT-802“ се срушил додека извршувал кружен лет на релација Риека–Загреб.
Хрватската контрола на летање во 16:53 часот пријавила дека авионот исчезнал од радар, а во 17:11 часот бил добиен извештај за падот и избувнатиот пожар.
Првичните податоци укажуваат дека леталото се урнало во областа Криви Пут. На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи, пожарникари и служби за итна медицинска помош.
Пожарникарите од градот Сењ успеале да го пронајдат авионот.
– „Откако го лоцираа леталото што се урна во подрачјето Криви Пут, пожарникарите го изгаснаа запалениот авион и го обезбедија местото на несреќата“, соопшти Хрватската противпожарна служба.
Од Министерството за одбрана на Хрватска потврдија дека не станува збор за авион или екипаж на хрватските воздухопловни сили, демантирајќи ги шпекулациите кои се појавија во некои медиуми.
Извор: sputnikportal.rs
Балкан
Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.
Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.
Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.
Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.
Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.
Извор: off.net.mk
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт1 денУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Македонија2 денаАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија2 денаЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
-
Македонија2 денаПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
-
Хороскоп7 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Магазин2 денаRoblox ќе ги спречи децата да разговараат со непознати возрасни
-
Магазин2 денаЗа прв пат Android телефони поддржуваат AirDrop: овие четири модели можат директно да споделуваат фотографии со iPhone
