Македонија
Тоа не е сè! Уште еден удар по џебот, од вечерва бензините и дизелот поскапи за три односно два ипол денари за литар гориво!

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 107,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 109,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 97,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 95,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.
Македонија
МВР: Расчистени четири кривични дела, поднесени пријави против четири физички и едно правно лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Б.Т.(46) од Делчево, сопственичка на објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против З.Т.(49) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На 24.04.2025, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Делчево во соработка со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи извршиле контрола во објектот и од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека не ги исполнува во целост условите за заштита од пожари, односно се констатирани прекршоци по член 69 ,70, 74, 75 и 76 од Законот за заштита и спасување. Притоа, на одговорното лице му е даден рок од 30 денови да ги отстрани недостатоците и во тој период да не извршува угостителска дејност. При контролата, исто така, било констатирано дека пријавениот З.Т. во периодот од 09.03.2018 до 16.10.2019 го изградил објектот без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На 01.05.2025 повторно бил извршена контрола во објектот и било констатирано дека пријавената Б.Т. им дозволила на повеќе лица да престојуваат во објектот со што не се придржувала на забраната за вршење дејност од 30 дена изречена при претходната контрола.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање на јавен оглас за избор на директори на основно и средно училиште во Македонска Каменица.
Врз основа на приложените документи тие биле избрани за директори на училиштата, а по дополнителни проверки од Отсекот за компјутерски криминал Штип било констатирано дека нивните сертификати за познавање англиски јазик се фалсификувани, информираат од МВР за јавноста.
Македонија
Бенизните остануваат со непроменета цена, додека Дизелот поскапува, ова е новата цена која ќе стапи на сила ноќеска

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.
Извор: РКЕ
Македонија
МВР со детали за повреденото лице падините на врвот „Љуботен“, каде интервенираше АРМ

На 08.06.2025 во 13.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на непристапен терен на падините на врвот „Љуботен“ има повредено лице и потребно е негово извлекување.
Во 19.45 часот со хеликоптер од АРМ подигнато е повреденото лице Ј.С.(57) од с.Рогачево, тетовско и е транспортирано во Комплексот клники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош.
Додека, полициски службеници и месното население од местото во добра здравствена состојба биле преземни и лицата Ф.Ф.(45) од Скопје и С.С. од с.Рогачево, по што биле пренесени во с.Старо Село, тетовско, информираше МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (9 јуни)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (10 јуни)
-
Кичево60 минути
Жива е Македонија! Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ со оро ги развиорија македонските знамиња!
-
Македонија2 дена
Штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал на коловозот, управувајќи мопед
-
Култура2 дена
Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух
-
Спорт2 дена
Управниот одбор на ФФМ донесе низа важни одлуки, меѓу нив усвоен беше новиот систем на натпреварување во МФЛ
-
Спорт15 часа
Трајковски ја запечати судбината на Казахстан и донесе голема победа на Македонија. Во септември на градски го дочекуваме Лихтенштајн кој на гости го победивме 0:3
-
Македонија21 час
МВР со детали за повреденото лице падините на врвот „Љуботен“, каде интервенираше АРМ