Македонија
Тоа не е сè! Уште еден удар по џебот, од вечерва бензините и дизелот поскапи за три односно два ипол денари за литар гориво!

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 107,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 109,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 97,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 95,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.
Македонија
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените

Ноќеска на 05.07.2022 година во 01 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина. Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости.
Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Мало намалување на цената на бензинот, додека дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за половина денар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1 денар, за разлика од нив пак дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува со иста цена, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува исто така за 1 денар по литар.
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 108,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 110,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)
Македонија
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места

На 01.07.2022 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнаа и санкционираа 27 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на недозволени и непрегледни места (Охрид-10, Струга-9, Кичево-5, Дебар-3).
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево18 часа
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин19 часа
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Македонија16 часа
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Занимливости2 дена
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
Временска прогноза20 часа
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
Временска прогноза2 дена
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите
-
Македонија2 дена
Мало намалување на цената на бензинот, додека дизелот останува непроменет