Магазин
Топ 10 најпродавани телефони во светот за крајот на 2024 година
Изненадување меѓу Android уредите?
На крајот од 2024 година, се објавуваат најновите извештаи за најпродаваните мобилни телефони во светот. Две водечки агенции, Counterpoint и Canalys, ги споделија своите топ 10 листи за најпродаваните уреди во Q4 2024, откривајќи интересни трендови во индустријата.
Извештај од Counterpoint
Според Counterpoint, лидер на глобалниот пазар е Apple iPhone 15, следен од iPhone 15 Pro Max и iPhone 15 Pro. Серијата iPhone 16, која беше пуштена во продажба кон крајот на септември, не се најде на оваа листа поради краткиот период на достапност.
Кај Android уредите, најголема продажба имаат Samsung A15 4G и Samsung A15 5G, кои се рангираат меѓу првите пет. Меѓу флегшип уредите, Samsung S24 го зазема водечкото место кај Android, додека Samsung S24 Ultra не е дел од листата за овој период.
Извештај од Canalys
Во листата на Canalys, најпродаван уред останува Apple iPhone 15, но дополнително се појавуваат три модела од серијата iPhone 16 – iPhone 16 Pro, iPhone 16 Pro Max и iPhone 16, при што iPhone 16 Pro е рангиран на трето место.
Најуспешниот Android уред е Samsung A15 4G, кој зазема второ место. Покрај него, на листата се наоѓаат и други среднокласни модели како Samsung A15 5G и Samsung A55 5G, додека флегшип уредите не се застапени.
Двете листи во бројки
Овие податоци ги истакнуваат водечките трендови на пазарот за мобилни телефони во 2024 година, со доминација на Apple во премиум сегментот и фокус на средната класа кај Android уредите.
Извор: Kurir
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (20 јануари)
Овен
Дојде време да ја покажете својата подготвеност за компромис. Вашиот цврст карактер може да ви донесе проблеми.
Денешниот ден е одличен за нови познанства и флерт без обврски.
Чувствителен ви е пределот околу вратот и рамената.
Бик
Ќе ви се укаже прилика за подобрување на финансиската состојба. Немојте да бидете брзолети.
Сигурноста во себе ви дава можност да избирате со кого сакате да бидете во врска.
Внимавајте на хормоните.
Близнаци
Од замор не можете да се посветите на работата. Би било најдобро да направите мал одмор.
Нема да започнете нова врска, иако многу го сакате тоа.
Можна е главоболка.
Рак
Иако вообичаено сте многу вредни, денеска сите обврски ќе ви паѓаат тешко.
Во љубовта сте нервозни и ви пречат сите ситници.
Ве следи несоница.
Лав
Ве очекува генерално добар ден. Задоволни сте со својата работа и немате потреба да менувате нешто.
Почнувате да покажувате интерес за личност од вашата блиска околина.
Потребно ви е да се опуштите.
Девица
Ако очекувате промени, можно е денеска да дојде до успех.
Љубовта е обострана, уживајте во неа.
Мали проблеми со грбот.
Вага
Потребна ви е помош од некој колега, но ќе бидете разочарани во однос на тоа.
Се чувствувате навредено поради недостаток на доверба на саканата личност во вас.
Мали проблеми со нервниот систем.
Шкорпија
Бидете подготвени за напорен ден и наоружајте се со трпение. Атмоферата ќе биде понапната од вообичаено.
Вашите големи очекувања создаваат тензија во врската. Пробајте да се контролирате.
Кожата ви е внимателна.
Стрелец
Денеска ќе ве следи среќа во остварување на целите кои ќе ги поставите. Добро искористете го денешниот ден.
Чувството на слобода во кое уживате ви е најважно сега.
Здравјето е добро.
Јарец
Сметате дека е добар момент да ја подобрите својата заработувачка. Можно е да го проширите капацитетот на својата работа.
Саканата личност минува низ проблеми кои постојано ја оптоваруваат. Покажете разбирање и поддршка.
Мал проблем со крвотокот.
Водолија
Можни се потешкотии при вработувањето, или прекин на работниот однос.
Вашиот партнер почнува да го покажува своето вистинско лице. Тоа не ви се допаѓа.
Склони сте кон алергии.
Риби
Во вашето окружување, настануваат проблеми кои не се ваша вина.
Во љубовта, ве очекуваат промени. Самите ќе се зачудите од некои свои одлуки.
Зголемете го внесот на витамини.
Хороскоп
Празничен Хороскоп за недела (19 јануари)
ОВЕН
Нови можности се на повидок и шанса за подобрување на вашата финансиска состојба. Иновациите кои ги изнесувате ќе бидат пофалени и наградени. Но немојте да очекувате дека засекогаш ќе бидете фалени поради нив, ви претстои уште многу труд. Соберете ја својата сила и чекорете цврсто напред.
БИК
Денес ќе имате одлична комуникација со вашите соработници а можно е и стекнување на нови пријатели. Голем број луѓе ќе сакаат да разговараат со вас. Внимавајте да не се посветувате на повеќе работи одеднаш тоа ќе ја ослаби вашата енергија. Одморете и уживајте во друштвото.
БЛИЗНАЦИ
Некоја женска личност во вашето опкружување особено ќе ве иритира и ќе ве направи да размислите подобро за љубовта која ја имате спрема неа. Сега не е вистинско време за да бидете исполнети со горчина. Ќе имате сакате да направите некои поправки за да го подобрите домот. Чувајте ја вашата енергија за активностите кои ви годат наместо за препирки.
РАК
Во последниот период можеби мислите дека вашиот сакан се оддалечил од вас, но ако забележите подобро ќе сфатите дека всушност го следи својот пат и тоа е најдоброто за него. Бидете трпеливи. Наскоро ќе ги проширите вашите хоризонти преку нови познанства и врски кои ќе ви помогнат да научите доста корисни нешта.
ЛАВ
Сте одлучиле да одите во одредена насока пред долго време, но сеуште постои можност да го смените вашето мислење. Немојте да се изненадите ако другите сметаат исто затоа што тие ве следат вас како водач. Ги имате симпатиите на сите околу вас.
ДЕВИЦА
Имате толку нешта на ум кои сакате да ги кажете а толку малку време. Ќе сфатите дека материјалната сигурност не е најважното нешто, во иднина ќе морате да бидете подготвени за поголеми предизвици.
ВАГА
Периодов сте доста зафатени и како што изминува времето обврските ве преплавуваат. Се ви стои на располагање, резултатите од вашиот труд се тука и ќе бидете доста задоволни. Може да се чувствувате изморено но бидете сигурни дека ќе научите важна лекција која ќе ви помогне следниот пат да бидете уште поподготвени.
ШКОРПИЈА
Денес е одличен ден да се посветите на финансиските побарувачки кои ви претстојат и сѐ уште не сте одлучиле што конретно треба да биде направено. Важна информација ви пристигнува која ќе ви олесни некој тежок проблем.
СТРЕЛЕЦ
Ќе морате да донесете некои важни одлуки и да извршите тешки задачи наредните денови, денес подгответе се добро за кога ќе дојде вистинскиот ден да завршите се успешно. Наместо да се грижите за тоа што во минатото тргнало наопаку, потрудете се да го промените тоа што во овој момент сеуште може да биде променето.
ЈАРЕЦ
Некои ваши желби се подготвени за да се исполнат. Денес ќе бидете ослободени од обврски и ќе можете конечно да одморите и да си посветите време на себе. Но некоја важна задача полека пристигнува и ќе морате да ја завршите во краток рок.
ВОДОЛИЈА
Доколку сте имале планови за да отпатувате некаде, најдобро е да почнете со подготовките и да го направите тоа што поскоро. Ништо друго нема да може да ви го подигне расположението како малку промена на опкружувањето. Професионално дадете си малку одмор од обврските за да се вратите назад на своите должности со нови свежи идеи и полни со енергија.
РИБИ
Денес е важно да бидете колку што е можно покреативни, поимагинативни и романтични без оглед на тоа што луѓето околу вас бараат од вас. Што се однесува до деловните работи, важно е да зборувате што мислите, на другите им е важно што имате да кажете.
Lifestyle
Како да ги загреете тестенините и да ги одржувате вкусни, дури и во микробранова печка
Понекогаш се случува да зготвите премногу тестенини за ручек или вечера, па да имате остатоци за следниот ден. Тестенините можат да бидат исто толку вкусни и следниот ден ако се загреат на правилен начин.
Ако често се случува вашите тестенини да станат суви и кашести по повторното загревање, со неколку совети од готвач, оваа ситуација лесно може да се избегне и тестенините повторно ќе бидат вкусни.
Што се случува со тестенините по готвењето?
Процесот на готвење тестенини ги извлекува скробовите, а кога ќе се оладат, тие поминуваат низ процес на ретроградација на скроб. Тоа значи дека скробот формира структура слична на гел која ќе се зацврсти кога тестенините ќе се оладат. Како резултат на тоа, тестенините можат да станат „гумени“ или кашести, што се должи на премногу вода.
Како правилно да ги загреете тестенините?
Еден од најдобрите начини да ги загреете тестенините и да ги задржите вкусни е да ги загревате како зеленчук. Во тенџере ставете малку вода, само да го покрие дното, и додајте една или две лажици маслиново масло (во зависност од количината на тестенини). Потоа додадете ги тестенините и варете ги на средна топлина, постојано мешајќи, околу 3 до 5 минути или додека не се загреат. Овој метод ќе ги остави тестенините жешки, но сè уште цврсти, а не кашести.
Што ако користите микробранова печка?
Микробрановата печка не е најдобриот избор за повторно загревање на тестенини, бидејќи топлината може да ја вшмукува влагата од храната, а тестенините стануваат суви и неапетитни. Ако микробрановата печка е вашата единствена опција, готвачот советува да додадете малку вода пред загревање. Водата ќе помогне да се одржат тестенините доволно хидрирани за да ја издржат високата температура на микробрановата печка, без да станат премногу влажни.
Извор: RadioSA
-
Кичево11 часа
(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево чесниот Крст, Бог сакал по трет пат да го пронајде најсреќниот Алек Хлоупек
-
Македонија14 часа
Охриѓани со јавна поддршка преку транспаренти, Епископот Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
-
Кичево1 ден
Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe
-
Култура2 дена
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
-
Хороскоп1 ден
Празничен Хороскоп за недела (19 јануари)
-
Lifestyle1 ден
Растенија кои носат среќа во 2025 година
-
Временска прогноза3 часа
Ниските температури ќе попуштат, од следната седмица значително потопол воздух и пораст на температурите
-
Lifestyle1 ден
Три знаци на депресија кај кучињата: Како да го препознаете и помогнете на вашиот миленик