Временска прогноза
Топло време со краткотрајно невреме на овие места..
Денес, како и во почетокот на новата недела која што ни претстои и покрај малиот пад на температурите, сепак и понатаму ќе имаме МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, но истите од средината на неделата повторно ќе бележат тенденција на пораст и во најтоплите предели ќе се искачуваат до околу 40 степени.
Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде денешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, заислен ветер и услови за изолирана појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Во Скопје исто така ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време, со услови за ретка појава на нестабилност денес попладне.
Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 37 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА, до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент некде помеѓу 9 и 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течност, за Еспресо известува Попоски.
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Кичево2 дена
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура22 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Балкан12 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Кичево12 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.