Македонија
Тотал ТВ претстави нова супер акција: 249 денари во првите 8 месеци
Тотал ТВ денес претстави нова акциона кампања. Сите нови претплатници на услугата Тотал ТВ можат да ги гледаат најбараните ТВ канали за само 249 денари за првите 8 месеци во пакетот Тотал ТВ Екстра или Премиум.
Тотал ТВ претплатниците можат да ја гледаат најбараната ТВ-содржина во секое време и каде било во Македонија преку мобилната апликација ЕОН на мобилен телефон, таблет или компјутер.
Емисиите „Вечер со Иван Ивановиќ“, „Впечаток на неделата“, „Меѓу нас“, „Балканска улица“ и други на Nova S, и најновите, точни и независни вести за N1. Само на Sport Klub, претплатниците на Екстра и Премиум пакет можат да ја гледаат најбараната спортска содржина – Премиер лигата, Европското првенство во фудбал, Формула 1 шампионатот и други најпопуларни спортски натпреварувања.
Со оваа акција на Тотал ТВ, претплатниците на Екстра пакетот добиваат Пинк пакет со 27 канали 24 месеци промотивно, а на Премиум пакет, покрај Пинк пакет 24 месеци промотивно добиваат и Cinestar TV Premiere HD и Club X 8 месеци.
Покрај тоа на претплатниците им се достапни и најдобрите домашни и странски канали меѓу кои се МРТ, АЛФА ТВ, ТВ 24 Вести, Гранд каналите и Нова ТВ Хрватска, информативни, спортски, меѓу кои и Eurosport, филмски и сериски, меѓу кои и FOX, риалити и детски канали Pikaboo и Vavoom.
За повеќе информации, посетете го totaltv.tv или јавете се во Контакт центарот на (02) 30 63 000.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт2 денаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин2 денаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Lifestyle2 дена(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Хороскоп7 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза18 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
