Спорт
Tottenham го отпушти тренерот

Англискиот гигант Tottenham во понеделникот го смени тренерот Нун Еспирит Санта бидејќи тимот под негово водство загуби половина од десетте натпревари во Премиер лигата.
Португалецот Еспирито Санто доби отказ по поразот на домашен терен од Манчестер Јунајтед со 0-3 во саботата.
„Знам колку Нуно и неговиот стручен штаб сакаа да успеат и жал ми е што моравме да ја донесеме оваа одлука. Нуно е вистински џентлмен и секогаш ќе биде добредојден овде. Ние сме му благодарни нему и на неговиот тим за се и им посакуваме се најдобро во иднина“, изјави генералниот директор на Tottenham, Фабио Паратачи.
Нуно Еспирито Санто (47) беше назначен за тренер на Tottenham во јуни, откако помина четири години на клупата на Wolverhamptona.
Од Tottenham изјавија дека името на новиот тренер ќе биде објавено во „догледна иднина“, а клубот моментално е осми во поредокот со десет бода зад водечкиот Chelsea.
Извор: N1info
Фото: Glyn KIRK / AFP
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
Спорт
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го првото место во групата Ц.
Заедно со нив, и германскиот тим се пласираше во следната фаза, додека Бока Јуниорс и Оукленд го завршија своето учество во оваа група. Стрелецот на победничкиот гол за португалскиот клуб беше Андреас Сјелдеруп, кој погоди по одлична контранападна акција во 13-тата минута.
Во меѓувреме, натпреварот меѓу Бока и Оукленд во Нешвил заврши нерешено 1:1, но беше прекинат во 54-тата минута поради предупредување за можна бура.
-
Кичево10 часа
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (27 јуни)
-
Македонија13 часа
Од ноќеска цената на дизелот драстично паѓа, еве колку ќе биде литар дизел гориво од полноќ
-
Македонија15 часа
Од 1 јули до крај на месец август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила
-
Временска прогноза9 часа
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести
-
Македонија1 ден
Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за сабота (28 јуни)
-
Македонија14 часа
Целосна забрана за движење во шумите