Кичево
Традицијата оваа година ќе продолжи, чесниот Крст ќе се спушта во осветените води во Кичево, ова се сите информации по повод големиот христијански празник „Богојавление Водици“

Се известуваат верниците дека на ден 18.01.2022 година, на ден Водокрст, со почеток во 06:00 часот ќе се отслужи Утрена Богослужба со чинот на Големиот Богојавленски водосвет, вообичаено за овој празник.
Оние кои се стари кумови и кои сакаат да го предадат Крстот по нивна волја на новите кумови, можат да ги донесат водичарските крстови и да се отпеат во назначеното време, како што било и останатите години наназад.
Исто така известување до верниот народ од Кичево и кичевско дека на ден 19.01.2022 година (среда) за празникот Богојавление – Водици, одма по завршувањето на Литургијата ќе се направи литија до градскиот базен и ќе се изврши традицијата со спуштање на чесниот крст и осветување на водите по извршување на Големиот Богојавленски водосвет.
Се замолуваат сите оние кои ќе присуствуваат на овој чин да ги почитуваат мерките за време на корона, а тие коишто се заинтересирани да го фаќаат крстот можат да се пријават во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево и да присуствуваат на Светата Божествена Литургија затоа што само така ќе покажат дека се навистина достојни за земање учество во овој свет чин.
Светиот Крст во најава на кумовите ќе се се положува и во селата Другово, Белица и Цер.
За многу години нека е престојниот празник и да сте живи и здрави!
Пред 2 години чесниот Крст го пронајде Кристијан Врапчароски
Текст: Кичевска парохија
Кичево
Урбана викенд програма во Република 96250

Петок (27.05.2022) го резервираме за љубителите на електронката музика диригирана од локалниот DJ PUNISHER, почеток во 21:00h (Second floor).
Забавата продолжува и оваа сабота, 28.05.2022. со Laura Krliu & Diamond Balazhi, Оливер Стојкоски (Drums), Кико Јапер (Bass). Република 96250 ве поканува на одлична забава, почеток 21:30 часот.
Кичево
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар

На 19.05.2022 околу 15:50 часот во ОВР Кичево, пријавено е дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј, кај крстосница од селата Црвевци со Гарани, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.К. (42) од село Туин, кичевско, удрило во пешак В.Ш.(39) од село Стрелци, кичевско.
Во несреќата со повреди се здобил пешакот и бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош.
Увид на местото изврши екипа од ОВР Кичево, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
15 Години Conquering Lion во Република 96250

Со огромна чест ве покануваме на концертен настап 15 години Conquering Lion во Република 96250 во Кичево, на 11-ти Јуни (Сабота) со почеток во 21:30 часот!
Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува на 7-ми Април 2007.
Во октомври 2009. бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”.
До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Вториот по ред албум насловен како “Know Your Wisdom” излезе на 26ти август 2011 по што следеше 30 дневна балканска турнеја.
Две години подоцна на 22ри Ноември 2013 бендот го издаде третиот студиски албум “Revelation” за издавачката куќа “Password Productions” од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја. Како едни од побитните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија, Spirit of Burgas и Hills of Rock во Бугарија,…
Conquering Lion го издаваат својот 4ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој беше издаден на 24ти Фебруари 2017 за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. “Land Of Confusion” беше на листата за преноминации за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”. Сите три сингла од новиот албум “Wake Up”, “Go” и “Natty Lion” беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.
Првиот сингл од албумот “Shine” беше премиерно промовиран истотака на порталот “Reggaeville” на 23-ти Март 2018. Вториот сингл “Badman World” заедно со италијанскиот реге артист Рафаел беше премиерно промовиран на порталот “Reggaeville” на 27-ми Август 2018. Бендот го издава својот 5-ти под ред студиски албум “Revolution Time” на 30.03.2022 за издавачката куќа “Rehegoo Music” од Лондон, В.Британија.
Во моментов бендот работи на својот 6-ти по ред студиски албум кој сеуште е во подготовки, а првиот сингл “Long Time” во соработка со македонската пејачка Дани Димитровска беше премиерно промовиран на 8-ми Декември 2021.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп17 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Култура5 часа
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје18 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Временска прогноза2 дена
Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите
-
Магазин2 дена
Giveaway: Евротип спортските обложувалници доделуваат навивачки комплет само за вистински навивачи на Ливерпул и Реал Мадрид
-
Занимливости1 ден
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“