Хроника
САД: Трагедија во црква, татко си ги убил трите малолетни деца и сопругата, потоа си го одзел животот
Татко си ги убил трите деца и сопругата, а после тоа си го одзел животот во пукотницата што се случила во црква во Сакраменто, Калифорнија, соопштија локалните власти.
– Еден човек влегол во црква во населбата Арден-Аркад и убил три од своите деца, сите помлади од 15 години, пред да се самоубие, изјави Род Грасман од канцеларијата на шерифот на округот Сакраменто.
Петтото лице пронајдено мртво е идентификувано како сопруга на убиецот, изјави за Си-Ен-Ен, капетанот Вилбурн, Метрополитен Паркер на Сакраменто.
Во црквата во Сакраменто во моментот на пукањето имало и други луѓе, но никој не бил вклучен во пукањето, додаде Вилбурн.
Засега не е познато дали во тоа време богослужбата се одржувала во црквата.
Канцеларијата на шерифот на округот Сакраменто апелираше до граѓаните да ја избегнуваат областа по пријавата за пукањето.
Гувернерот Гевин Њусом го опиша пукањето како „уште еден бесмислен чин на вооружено насилство во Америка“.
ФОТО: printscreen/youtube videos
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево13 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура17 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија7 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Хороскоп5 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин16 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
