Кичево
Трагична сообраќајка со жртви кај кичевската месност „Сеферов бунар“

Во стравичната сообраќајна несреќа која го крена на нозе Кичево за жал е со трагични последици.
Несреќата се случила на сама кривина кај месноста викана „Сеферов бунар“ на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар, учесници биле три возила, едно со странски регистарски додека другите со македонски национални ознаки.
Три жртви се трагично загинати, додека осум лица се тешко повредени меѓу кои и деца кои се префрлени на клиники Мајка Тереза во Скопје.
– Неофицијално од извори на терен, загинатите се жители на странска држава, додека едната жртва е државјанин со место на живеење во Македонија.
Портпаролот на СВР Охрид за Порта.мк предмалку ја потврди нашата информација, за случената сообраќајка, која гласи:
– Вечерва во 20.55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила.
Кичево
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест на нашиот празник „Петровден“, именденот на нашата кичевска православна црква Св.Петар и Павле.
Благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедност во сообраќајот, како никогаш до сега беспрекорно ја завршија својата работа, како и до сите учесници, до сите кои со своето присуство оддадоа почит кон празникот, дај боже од година за година да се збираме во уште поголем број!
Благодарност и до „City Caffe“ кој отстапија паркинг место за сите моторџии.
Дидо! 🙌
Вечна традиција!
Кичево
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево, до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
-
Кичево21 час
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево2 дена
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Кичево12 часа
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура24 часа
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Култура2 дена
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Lifestyle2 дена
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите